Извлечи го најдоброто од училиштето
1 Ова е време од годината кога многу млади прашуваат: „Зарем веќе морам да се вратам на училиште?“ Иако со враќањето на училиште можеби се поврзани некои предизвици и грижи, младите луѓе кои се посветуваат на своето образование за да го извлечат најдоброто од него, можат да стекнат и многу користи.
2 Едно добро темелно образование може да придонесе за нечиј духовен напредок. Она што некое лице го прави во текот на својата младост има големо влијание врз она што може да го постигне како возрасен. Дури и во однос на школувањето, „што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее“ (Гал. 6:7). Младите кои марливо ги учат своите школски лекции можат да стекнат вештини кои ќе ги направат поупотребливи за Јехова.
3 За да се направат правите избори за школски курсеви, потребно е однапред внимателно да се размисли. Родителите треба да им помогнат на своите деца да ги изберат оние курсеви кои нудат најпрактично обучување за да ги постигнат духовните цели во животот. Развивајќи ги своите вештини, младите ќе ја имаат предноста да бидат способни да се издржуваат себеси во пионерското дело. Нивното основно образование треба да им помогне да го фалат Јехова без разлика каде служат.
4 Младинци, обидете се да го извлечете најдоброто од своите школски години. Кога го правите ова, сосредоточете се на тоа да живеете еден исполнет живот во света служба наместо да се стремите кон световна кариера. Настојувајте да го користите својот живот за вршење на Јеховината волја. На тој начин, ќе го направите својот пат успешен на Јеховина фалба (Псал. 1:3).