Млади — искористете го вашето школување
1 Какви чувства ти се јавуваат кога ќе помислиш дека ќе се вратиш на училиште после летниот распуст? Дали си желен да извлечеш корист од уште една година школување? Ќе ги искористиш ли приликите што ти ги нуди училиштето за да ја споделиш вистината со школските другари и со наставниците? Уверени сме дека ти сакаш да дадеш сѐ од себе на училиште.
2 Биди добар ученик: Ако си добро подготвен за часовите и ако грижливо внимаваш, ќе извлечеш трајна корист. Биди трудољубив во извршувањето на домашните задачи, но сепак не допуштај твоите задачи на училиште да ги попречуваат теократските активности (Фил. 1:10).
3 Започни ја новата школска година со тоа што ќе ја прочиташ брошурата Јеховините сведоци и образованието. Потоа, ти или твоите родители би требало да му дадете по еден примерок на секој наставник. Кажете им дека ќе добијат одговор на секое прашање што можеби ќе го имаат. Тоа ќе им помогне подобро да ги разберат твоите начела и верувања и да соработуваат со тебе додека го применуваш она што си го научил. Исто така, тоа ќе ги увери наставниците дека ти и твоите родители сакате да соработувате со нив додека тие ти помагаат да стекнеш скапоцено образование.
4 Биди добар сведок: Зошто не гледаш на училиштето како на твое лично подрачје за неформално сведочење? Во текот на претстојната школска година, ќе имаш единствени прилики да сведочиш. Ти поседуваш прекрасно духовно спознание кое, кога ќе го споделиш, може ‚да те спаси и тебе и оние што те слушаат‘ (1. Тим. 4:16). Задржувајќи примерно христијанско однесување и сведочејќи секогаш кога е пригодно, ќе извлечеш корист и ти и другите.
5 Еден млад брат им сведочел неформално на соучениците во училиштето. Меѓу оние кои реагирале поволно имало еден католик, еден атеист кој им се исмејувал на оние кои верувале во Бог и еден младич кој многу пушел и бил тежок пијаница. Сѐ на сѐ, овој млад брат им помогнал на 15 свои врсници да се предадат и да се крстат!
6 Затоа, млади, посветете се на учењето и на обработувањето на вашето единствено подрачје за сведочење. Тогаш ќе извлечете најголема корист од училиштето.