Состаноци за служба за август
Седмица што почнува од 3 август
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Коментирај за априлскиот извештај за служба на теренот во земјата и во локалното собрание.
15 мин: „Дали август ќе биде одличен месец?“ Прашања и одговори. Охрабри ги сите да учествуваат во службата во текот на август и секој месец од новата службена година.
20 мин: „Користи брошури за да го привлечеш и умот и срцето“. Дискусија со присутните. Кратко разгледај ги брошурите кои биле издадени во текот на годините за да се информираат луѓето во врска со некои важни библиски работи. Истакни ги текуштите брошури и дискутирај за тоа кој би можел да биде заинтересиран да добие некоја од нив. Прикажи една или две презентации, спомнувајќи ја подготовката за донации.
Песна 191 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 10 август
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Спомни ја целта на сите објавители да учествуваат во службата на теренот во текот на август.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Млади — искористете го вашето школување“. Прашања и одговори. Вклучи и соодветни коментари од Разбудете се! од 8 април 1992, страници 17—19 (англ.) и Стражарска кула од 15 јули 1991, страници 23—26.
Песна 37 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 17 август
10 мин: Локални известувања. Побарај кратки коментари за тоа како да се добие името и адресата на лицето на кое му било сведочено на улица, во парк или на некое друго место за да може да се следи неговиот интерес.
35 мин: „Еден прогресивен поглед на итното дело на правење ученици“. Прашања и одговори. Прочитај ги пасусите 5, 10 и 11. Разгледај како напредува локално делото на водење библиски студии. Охрабри ги сите оние кои водат студии повторно да го прочитаат додатокот од Наша служба за Царството од јуни 1996 за да ги подобрат своите вештини на поучување. Разгледај ги пасусите 5 и 25 од тој додаток.
Песна 139 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 24 август
12 мин: Локални известувања. Разгледај ја рубриката со наслов „Деветстотини!“ во Наша служба за Царството од јули 1998. Со само уште еден викенд кој остана во август, охрабри ги сите да учествуваат во службата пред да заврши месецот. Разгледај „Нова програма за Денот на специјален собир“.
18 мин: Како да се истрае во пионерската служба. Говор темелен на Стражарска кула од 15 септември 1993, страници 28—31. Интервјуирај еден пионер кој научил да се справува со сериозни проблеми и сепак продолжува да пионери.
15 мин: Добро користи ја Наша служба за Царството. Дискусија со присутните. Користејќи недамнешни примери, илустрирај ги навремените информации што се наоѓаат на страниците на Наша служба за Царството и користите што ги извлекуваме од неа: 1) статии кои нѐ мотивираат редовно да учествуваме во службата; 2) искуства кои нѐ охрабруваат во нашата света служба; 3) предлози кои ни помагаат делотворно да ја презентираме добрата вест; 4) известувања за нови публикации кои стојат на располагање и кои се корисни за локалното подрачје; 5) извештаи за службата кои го покажуваат темпото на активноста за Царството; 6) теократски вести кои известуваат за напредокот на делото ширум светот; 7) известувања и распореди кои добро нѐ информираат за претстојните настани; 8) Рубриките прашања кои даваат одговор на работи од сериозен интерес; и 9) додатоци кои ни кажуваат за конгреси, специјални кампањи и други работи кои го задржуваат нашето внимание на духовните потреби. Охрабри ги сите да го прочитаат секое издание, да ги применат предлозите во него, да го носат на Состаноците за служба и на Состаноците за служба на теренот и да го чуваат во личната архива за идна употреба.
Песна 160 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 31 август
12 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да го предадат извештајот за служба за август. Водителите на Собраниската студија на книга треба да го потсетат секого од нивната група за да можат сите извештаи да се пресметаат до 6 септември. Разгледај ја понудата на литература за септември. Кратко прикажи презентација која го покренува прашањето „Зошто треба да го употребуваме Божјето име?“ Одговори на него користејќи ја книгата Спознание, 3. поглавје, 6. пасус. Извести за подготовките за служба на 5 септември.
15 мин: „Надгледници кои го преземаат водството — претседавачки надгледник“. Говор на претседавачкиот надгледник. Откако ќе ги разгледа неговите должности, тој изразува ценење кон собранието за неговата соработка со старешините додека тие го пасат стадото.
18 мин: Помогни му на своето дете да се справи со проблемите на училиште. Еден старешина ја води дискусијата со двајца или тројца родители чии деца одат на училиште. Кратко коментирај за некои од повообичаените проблеми на кои наидуваат децата, како што е изнесено во Разбудете се! од 8 ноември 1994, страници 5—7 (срп.). Потоа, осврнувајќи се на страници 8—10, дискутирај за тоа како родителите можат да ги заштитат своите деца и да задржат добри односи родител—наставник.
Песна 62 и заклучна молитва.