ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/11 стр. 2
  • Не колебај се да сведочиш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Не колебај се да сведочиш
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Млади — искористете го вашето школување
    Нашата служба за Царството 1998
  • Дали вашите деца се подготвени?
    Нашата служба за Царството 2011
  • Запишување во Теократската школа за проповедање
    Нашата служба за Царството 1996
  • Теократска школа за служба за 2002
    Нашата служба за Царството 2001
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 10/11 стр. 2

Не колебај се да сведочиш

1. За што е потребна храброст, и зошто?

1 Дали некогаш си се колебал да сведочиш на училиште од страв дека ќе те исмеваат? Потребна е голема храброст за да зборуваш, особено ако си срамежлив. Што ќе ти помогне?

2. Зошто е важно добро да процениш кога да сведочиш на училиште?

2 Добро процени: Иако училиштето со право можеш да го сметаш за свое подрачје за сведочење, имај на ум дека од тебе не се очекува да започнеш разговор за духовни теми со секого, како што тоа го правиш кога проповедаш од куќа до куќа. Добро процени кога да зборуваш (Проп. 3:1, 7). На пример, некоја тема што ја обработувате на час или некоја тема за домашна задача може да биде одлична прилика да зборуваш за својата вера. Или, можеби некој соученик ќе те праша зошто не учествуваш во извесни активности. Некои христијани уште на почетокот на учебната година им кажуваат на своите наставници дека се Јеховини сведоци и им даваат публикации во кои се објаснети нашите верувања. Други оставаат публикации на клупата со што ги поттикнуваат соучениците да се распрашуваат.

3. Како можеш да се подготвиш за да сведочиш на училиште?

3 Биди подготвен: Ако си подготвен, ќе имаш поголема самодоверба (1. Пет. 3:15). Затоа, труди се да претпоставиш какви прашања би можело да ти постават и размисли како би одговорил (Изр. 15:28). Ако е изводливо, во училишната чанта имај Библија и неколку публикации, на пример, книгата Резоновање, книгите Младите прашуваат и некои публикации во кои се зборува за создавањето. Така ќе ти бидат при рака ако ти затребаат. Замоли ги родителите во текот на Семејната вечер да вежбате такви ситуации.

4. Зошто треба да продолжиш да сведочиш на училиште?

4 Биди позитивен: Немој да претпоставуваш дека соучениците ќе те исмеваат секојпат кога ќе ја спомнеш вистината. Некои најверојатно ќе ти се восхитуваат на храброста и можеби дури и ќе те сослушаат. Но, немој да се обесхрабриш ако никој не се заинтересира. Јехова се радува кога гледа дека се трудиш (Евр. 13:15, 16). Моли го да ти помага ‚да зборуваш со сета смелост‘ (Дела 4:29; 2. Тим. 1:7, 8). Замисли колку ќе бидеш радосен кога некој соученик вистински ќе се заинтересира. Можеби дури и ќе почне верно да му служи на Јехова!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели