ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/11 стр. 2
  • Дали вашите деца се подготвени?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали вашите деца се подготвени?
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Помогни им на децата да се справат со притисоците
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Дали сте подготвени за училиште?
    Нашата служба за Царството 2009
  • Како може твоето семејство да биде среќно? (втор дел)
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Родители — поучете ги своите деца да го сакаат Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 7/11 стр. 2

Дали вашите деца се подготвени?

1. За што треба да бидат подготвени децата кои одат на училиште?

1 Наскоро ќе започне новата школска година. Вашите деца сигурно ќе се соочат со нови предизвици и притисоци. Исто така, ќе им се пружат нови можности да ‚сведочат за вистината‘ (Јован 18:37). Дали се подготвени за тоа?

2. За да бидат подготвени, што треба да знаат вашите деца?

2 Дали вашите деца јасно разбираат што значи да се учествува во патриотски свечености и пагански празници, и зошто е погрешно тоа? Исто така, некои ќе им вршат притисок да се запишат на факултет, да започнат врска, да пијат алкохол или да земаат дрога. Дали се подготвени да го издржат тој притисок? Дали само ќе кажат дека одбиваат нешто затоа што нивната религија не им го дозволува тоа или, пак, знаат да ги објаснат своите верувања? (1. Пет. 3:15).

3. Како би можеле родителите да ги подготвуваат своите деца за време на Семејната вечер?

3 Користете ја Семејната вечер: Се разбира, веројатно низ целата учебна година ќе разговарате со своите деца за проблемите со кои ќе се соочат. Ако се трудите да зборувате за таквите проблеми пред повторно да тргнат на училиште, тоа на децата ќе им даде храброст. Ова би можеле да го направите за време на вашата Семејна вечер. Би можеле да ги прашате децата што најмногу ги загрижува додека размислуваат за следната учебна година. Бидејќи децата сега се повозрасни и имаат поголемо разбирање, можете повторно да разговарате за некои теми кои сте ги разгледувале во претходните години (Пс. 119:95). Би можеле да вежбате како да постапат во разни ситуации, при што вие ќе глумите учител, педагог или соученик. Научете ги своите деца како да одговараат на темел на Библијата и како да ги користат книгите Резоновање и Младите прашуваат. Една мајка ги користела таквите вежби за да им помогне на своите деца уште на почетокот на учебната година да им кажат на новите наставници дека се Јеховини сведоци. (Види во Стражарска кула од 15 декември 2010, страници 3-5.)

4. Што ќе направат мудрите родители?

4 Во овие последни денови, младите христијани мораат да се справат со „особено тешки“ предизвици (2. Тим. 3:1). Мудрите родители ќе се обидат да ги предвидат таквите проблеми (Изр. 22:3). Пред почетокот на учебната година, направете сѐ што можете за да им помогнете на своите деца да бидат подготвени.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели