ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/01 стр. 1
  • Теократска школа за служба за 2002

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Теократска школа за служба за 2002
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • Школа што нѐ опремува за она што е најважно
    Нашата служба за Царството 2002
  • Теократска школа за служба за 1998
    Нашата служба за Царството 1997
  • Теократска школа за служба за 2000
    Нашата служба за Царството 1999
  • Теократска школа за служба за 2001
    Нашата служба за Царството 2000
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 12/01 стр. 1

Теократска школа за служба за 2002

1 Повеќето луѓе ја земаат здраво за готово способноста за говор. Меѓутоа, говорот е дар од Јехова. Тој ни овозможува да комуницираме со другите и да ги изразуваме нашите мисли и чувства. Пред сѐ, со него можеме да го фалиме нашиот Бог (Псал. 22:22; 1. Кор. 1:4—7).

2 Во Теократската школа за служба се обучуваат мажи, жени и деца за да го објавуваат Јеховиното име (Псал. 148:12, 13). Програмата за школата за 2002 обработува најразлични библиски теми од кои можеме да извлечеме корист ние лично и можеме да ги користиме во службата. Ако се подготвуваме за школата и учествуваме во неа, ќе го зголемиме нашето знаење и нашите вештини како учители на Божјата реч (Псал. 45:1).

3 Секојдневно читај ја Библијата: Ако обично ја имаме Библијата при рака, можеме да го искористиме секое слободно време што го имаме за да ја читаме. Повеќето од нас имаат неколку минути слободно време во текот на денот што можат да се искористат на тој начин. Колку само е корисно да прочитаме барем една страница секој ден, а тоа е сѐ што е потребно за да бидеме во чекор со програмата за читање на Библијата што е изнесена во распоредот за школата! (Псал. 1:1—3).

4 Способноста добро да ја читаме Библијата може да ни помогне да ги допреме срцата на нашите слушатели и да ги мотивираме да го фалат Јехова. Браќата што ја имаат задачата бр. 2 во школата треба да вежбаат, да вежбаат и да вежбаат на глас да ја читаат задачата. Надгледникот на школата ќе даде пофалба и предлози за да се подобри читањето.

5 Користи ја книгата Расправљање: Задачите бр. 3 и 4 се темелат на книгата Расправљање. Веројатно повеќето од нас би можеле повеќе да размислат за тоа да го користат ова практично помошно средство во службата на теренот. Сестрите треба да одберат рамка што е практична за подрачјето. Надгледникот на школата треба да обрне внимание особено на тоа како сестрите поучуваат и го користат Писмото.

6 Теократската школа за служба нека ни помогне на сите нам да продолжиме да го користиме Божјиот дар на говор за да ја објавуваме добрата вест и за да го фалиме нашиот величествен Бог, Јехова! (Псал. 34:1; Ефеш. 6:19).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели