ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/99 стр. 7
  • Теократска школа за служба за 2000

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Теократска школа за служба за 2000
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Сличен материјал
  • Теократска школа за служба за 2001
    Нашата служба за Царството 2000
  • Теократска школа за служба за 1998
    Нашата служба за Царството 1997
  • Школа што нѐ опремува за она што е најважно
    Нашата служба за Царството 2002
  • Теократска школа за служба за 2002
    Нашата служба за Царството 2001
Повеќе
Нашата служба за Царството 1999
km 12/99 стр. 7

Теократска школа за служба за 2000

1 Теократската школа за служба се покажа како вистински благослов за Јеховиниот народ. Во текот на изминатите 50 години, таа им помогна на милиони да ги развијат своите способности како јавни говорници и учители на библиските вистини (Псал. 144:10—12; Мат. 28:19, 20). Можеш ли да увидиш на кој начин ти помогнала школата? Таа може да го прави тоа и во текот на 2000 година ако целосно учествуваш во неа и ако го применуваш советот што се дава.

2 Упатствата за задачите и за публикациите што ќе се користат се наведени на првата страница од распоредот за школата за 2000. Разгледано е времето што е доделено за секој дел, изворниот материјал, начинот на кој треба да се изнесе и други детали. Те молиме одвој си време внимателно да ги прочиташ упатствата и да ги примениш.

3 Седмично читање на Библијата: Има две одвоени програми за седмично читање на Библијата наведени на распоредот за школата. Едната е стандардната програма за читање која опфаќа околу пет страници од Библијата. Врз ова читање се темелат врвните точки од Библијата. Другата програма за читање е дополнителна и опфаќа двојно повеќе материјал. Следејќи ја оваа програма, ќе можеш да ја прочиташ целата Библија за три години. Разбирливо е дека некои можеби ќе сакаат да прочитаат нешто повеќе од она што е планирано во дополнителната програма и дека други можеби нема да можат да бидат во чекор со неа. Наместо да се споредуваш себеси со другите, биди радосен со тоа што можеш да го постигнеш (Гал. 6:4). Она што е битно е секојдневно да ја читаш Божјата реч (Псал. 1:1—3).

4 За да се запишеш во Теократската школа за служба, треба да разговараш со надгледникот на школата. Те молиме, сериозно сфати ги своите задачи и немој непотребно да откажуваш. Цени ја школата како подготовка од Јехова. Добро подготвувај се, темелно запознај се со доделениот материјал и изразувај се од срце, и на тој начин ќе извлечеш потполна корист од оваа единствена школа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели