Што може да ни помогне да стоиме цврсти во верата?
1 Кога почнавме да се дружиме со Јеховината организација, нашиот духовен напредок ни претставуваше извор на радост! Сепак, потребен е постојан духовен раст за да останеме ‚вкоренети, утврдени и укрепени во верата‘ (Кол. 2:6, 7). Додека повеќето напредувале духовно, некои биле одвлечени заради тоа што пропуштиле ‚да стојат цврсто во верата‘ (1. Кор. 16:13, NW ). Можеме да спречиме тоа да ни се случи и нам. На кој начин?
2 Постојана духовна активност: Воспостави добра духовна рутина во Јеховината организација. Таа изобилно ги згрижува нашите духовни потреби. Собраниските состаноци, собирите и конгресите нѐ поттикнуваат на поголем духовен напредок и стабилност, само ако бидеме постојано присутни за да ги пожнееме користите (Евр. 10:24, 25). Редовната рутина на читање на Библијата, на списанијата Стражарска кула и Разбудете се! и на книгите кои дискутираат за тврдата храна од Божјата реч, ќе придонесе нашите духовни корења да станат длабоки и цврсти (Евр. 5:14). Поставувањето лични духовни цели и трудољубивото работење за да ги постигнеме ќе донесе трајни користи (Фил. 3:16).
3 Помош од зрелите: Настојувај да го прошириш дружењето со духовно зрелите лица во собранието. Запознај ги старешините, бидејќи првенствено тие можат да нѐ зајакнат (1. Сол. 2:11, 12). Прифати го советот или предлозите што ќе ти ги дадат (Ефеш. 4:11—16). И слугите помошници се заинтересирани да им помогнат на другите да бидат цврсти во верата, па затоа барај охрабрување од овие браќа.
4 Дали ти треба помош во службата? Разговарај со старешините и барај помош. Можеби ќе можеш да бидеш вклучен во програмата Пионерите им помагаат на другите. Дали си новокрстен? Проучувањето на книгата Нашата служба и применувањето на она што го содржи таа, ќе го поттикне напредокот кон духовна зрелост. Дали си родител? Постојано зајакнувај ја духовноста на своите деца (Ефеш. 6:4).
5 Ако сме вкоренети и стабилизирани во верата, ќе уживаме близок однос со Јехова и срдечно дружење со нашите браќа. Тоа ни овозможува да се спротивставиме на нападите на Сатана и ја зајакнува нашата надеж во вечна иднина (1. Пет. 5:9, 10).