Помош која лесно се наоѓа
1. Како може некој духовно да ослабне?
1 На Ана, една сестра која има сопруг што не е Јеховин сведок и која имала многу долго работно време, ѝ било тешко редовно да присуствува на христијанските состаноци, да учествува во службата и да ја проучува Божјата реч. Иако сѐ уште го сакала Јехова, таа станала неактивна. За среќа, добила духовна помош од грижливите старешини.
2. На кој начин можат сите христијани да бидат помош која лесно може да се најде?
2 Ако ја прифатиме духовната помош што ја добиваме од христијанското собрание, покажуваме дека имаме доверба во самиот Јехова. Бидејќи старешините во собранието го следат примерот на Исус Христос, кој покажувал љубезна грижа, тие бараат начини да ги охрабрат и практично да им помогнат на оние што имаат тешкотии во вршењето на христијанската служба (1. Сол. 5:14). Честопати таквите лица можат да се охрабрат ако само им се прочита некој утешен стих од Библијата. Сите христијани, а не само старешините, треба да се трудат да им помогнат на оние што привремено духовно ослабеле. Сигурно секој од нас почувствувал колкава моќ може да има еден внимателен „збор кажан во право време“ (Посл. 25:11; Иса. 35:3, 4).
3, 4. Што е потребно за да им помогнеме на другите, и како можеме да го направиме тоа?
3 Преземи иницијатива: За да покажеме љубов и грижа кон оние на кои им треба помош, потребно е да преземеме иницијатива, да бидеме сочувствителни и истрајни. Кога Јонатан станал свесен во каква тешка состојба се наоѓа Давид, ‚тргнал на пат и дошол кај Давида во Дубравата, и го охрабрил‘ (1. Сам. 23:15, 16). Биди нежен кога им пристапуваш на другите за да им помогнеш. Најдобри резултати се постигнуваат кога им зборуваме поттикнати од искрена грижа за нив. Освен тоа, Исус јасно покажал дека е потребно решително да се трудиме да му помогнеме на некој духовен брат или сестра духовно да зајакне (Лука 15:4). Ако имаме искрена желба да му помогнеме на некое лице, ќе бидеме поттикнати да истраеме во тоа, дури и ако напредокот не може да се види веднаш.
4 Навистина е охрабрувачки кога преземаме иницијатива да ги повикаме другите во служба како, на пример, оние од нашата група за проучување на книга. Додека му помагаме на некој слуга на Јехова да учествува во службата, можеме да ја искористиме приликата да го охрабриме. Тие радосни моменти што сме ги поминале заедно во Јеховината служба можат да бидат од особена помош за оние што се трудат повторно да стекнат духовна рамнотежа.
5. Каква помош можат да дадат старешините во некои случаи?
5 Помош дадена со љубов: На оние што веќе некое време не проповедале или не се дружеле со собранието, можеби ќе им треба дополнителна помош да си ја зајакнат верата. Проучувањето на Библијата со некоја публикација како, на пример, Обожавај го единствениот вистински Бог, Приближи му се на Јехова или Што навистина учи Библијата? можеби е токму она што е потребно. Затоа што лицето веќе е крстено, обично студијата не треба да се води долго време. Членовите од Одборот на собранието треба будно да внимаваат на кого во собранието би му користела ваква помош. (За повеќе информации види ја Рубриката прашања од Нашата служба за Царството од ноември 1998 и од ноември 2000).
6. Како на една сестра ѝ се вратила духовната сила?
6 Ана, која беше спомната во почетокот, благодарно го прифатила предлогот што ѝ го дале старешините, и една духовно зрела сестра ја проучувала Библијата со неа. Откако проучувале само четири пати, таа повторно почувствувала дека Јехова ѝ станува близок. Почнала да доаѓа на собраниските состаноци, а ѝ се вратила и желбата јавно да го фали Јехова. Исто така, зрелата сестра ѝ помогнала во службата со тоа што ја носела на други библиски студии, додека Ана доволно не зајакнала за да проповеда од врата до врата. На Ана ѝ била потребна само мала љубезна помош за повторно да продолжи со духовните активности!
7. Какви се благословите кога им се помага на другите духовно да зајакнат?
7 Сите добиваат благослови кога им се помага на оние што имаат потреба. Лицето на кое му било помогнато ја чувствува радоста од тоа што се зближува со Јехова и што е вклучено во активностите на Неговата организација. Старешините се радуваат кога го гледаат таквиот духовен напредок (Лука 15:5, 6). Кога сите со љубов се грижат едни за други, собранието е сплотено во единство (Кол. 3:12-14). Навистина, имаме добри причини да бидеме како Јехова, кој е секогаш тука да ни ја даде помошта што ни е потребна! (Ефеш. 5:1).