ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/00 стр. 1
  • Ние проповедаме добра вест

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ние проповедаме добра вест
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • ‚Донесувај добра вест за нешто подобро‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Биди како нашиот ‚среќен Бог‘, Јехова
    Нашата служба за Царството 2006
  • „Добра вест“!
    Пеј му од срце на Јехова
  • Да ја проповедаме оваа добра вест за Царството
    Пејте му фалби на Јехова
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 3/00 стр. 1

Ние проповедаме добра вест

1 Колку само прекрасна предност имаме да носиме „добра вест за добри работи“! (Рим. 10:15, NW). Имаме да им пренесеме освежувачка порака на луѓето кои живеат во немир и очај. Како можеме да им помогнеме да сфатат дека нудиме „добра вест за нешто подобро“? (Иса. 52:7, NW).

2 Подготви позитивна порака: Нашите разговори во службата ќе имаат добар ефект ако се сосредоточиме на добри работи. Затоа, кога подготвуваме презентација и ја разгледуваме публикацијата што ќе ја нудиме, треба да ги истакнеме позитивните аспекти на пораката. Ако ја пренесуваме нашата библиски темелена надеж со увереност и воодушевување, можеме да очекуваме охрабрувачки резултати (Изр. 25:11).

3 Иако сочувствуваме кога луѓето кажуваат како влијае врз нив влошувањето на светските услови, треба да им укажеме на вистинското решение на човечките проблеми — Божјето Царство. Дури и кога зборуваме за Јеховиниот претстоен „ден на одмазда“, сакаме да покажеме дека тоа навистина значи „добра вест за кротките“ (Иса. 61:1, 2, NW ). Можеме да ги увериме нашите слушатели дека сѐ што прави Јехова, на крајот ќе донесе голема радост и ќе има најдобар можен исход.

4 Изнеси ја вистината со вистинска радост: Кога луѓето ќе го забележат радосниот израз на нашето лице и уверливиот тон на гласот, тие се посклони да слушаат. Ако одразуваме оптимистичко гледиште, оние што нѐ слушаат ќе сфатат дека ние сме „радосни во надежта“ (Рим. 12:12). Затоа можеби ќе бидат посклони поволно да реагираат на добрата вест. Се разбира, имаме добра причина секогаш да покажуваме позитивен, радосен став во секој аспект од нашата служба.

5 Како слуги на добрата вест, ние правиме нешто повеќе отколку само да информираме. Нашето проповедање пренесува сигурна надеж за еден подобар живот сега, а и во иднина (1. Тим. 4:8). Кога му пристапуваме на секое лице, нашата позитивна настроеност ќе се гледа во она што го велиме и ќе им помогне на луѓето да ја прифатат добрата вест. Со тоа што обрнуваме внимание на она што го зборуваме и на начинот на кој го кажуваме тоа, можеме да ги поттикнеме оние што се со искрени срца да ја прифатат возбудливата добра вест што ја проповедаме!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели