ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/00 стр. 8
  • Побарај помош

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Побарај помош
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • Што прават старешините за собранието?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • „Пасете го Божјето стадо кое ви е доверено“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Како е организирано христијанското собрание?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • „Почитувајте ги оние што се трудат меѓу вас“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 3/00 стр. 8

Побарај помош

1 Инспирираните зборови „тешко ќе се излегува на крај“ соодветно ги опишуваат нашиве критични времиња (2. Тим. 3:1, NW). Затоа, што можеш да направиш кога ќе наидеш на тешки духовни предизвици за кои ќе се чувствуваш недораснат?

2 Дали си спремен да разговараш со некој духовно зрел член во собранието? Некој би можел да се колеба да го стори тоа за да не се засрами, затоа што не сака да се наметнува или затоа што се сомнева дека некој навистина може да помогне. Точно, треба да настојуваме да се грижиме за нашите лични одговорности најдобро што можеме, но секогаш треба да се чувствуваме слободни да бараме помош кога станува збор за нашето духовно добро (Гал. 6:2, 5).

3 Од каде да се почне: Можеби ќе сакаш да му пристапиш на водителот на студија на книга и да го прашаш дали ќе може да одиш со него во служба на теренот. Ова ќе ти даде прилика да му кажеш за твојата желба да растеш духовно. Ако тој е слуга помошник, кажи му дека ти треба духовна помош и тој ќе ги замоли старешините да ти помогнат. Или, пак, би можел да му пристапиш на некој од старешините во врска со она што те загрижува.

4 Каква помош ти е потребна? Дали нешто ја потиснало твојата ревност? Дали си самохран родител кој настојува да ги зачува децата близу до собранието? Дали си постаро лице на кое му треба помош? Или, пак, те обесхрабрува некој проблем? Справувањето со нашиве критични времиња можеби е тешко — но не и невозможно. На располагање ни стои помош.

5 Како помагаат постарите мажи: Старешините искрено се грижат. Тие ќе те ислушаат кога си загрижен. Ако и други објавители се соочени со слични препреки, старешините ќе го земат тоа предвид додека го пасат и го поучуваат собранието. Како „пример на стадото“, тие се секогаш спремни со радост да работат покрај тебе (1. Петр. 5:3). Ако ги слушаш овие искусни браќа додека расудуваат за библиските начела, може да се подобри твојата служба и да ти се помогне во личниот живот (2. Тим. 3:16, 17).

6 Исус ни дал многу „дарови во облик на луѓе“ (Ефеш. 4:8, фусн., NW). Ова значи дека старешините ти стојат на располагање. Тие се спремни да ти помогнат. Всушност, тие ‚ви припаѓаат вам‘, (1. Кор. 3:21—23, NW). Затоа, наместо да се воздржуваш, зборувај отворено. Побарај ја помошта што ти е потребна.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели