Погрижи се повторно да навратиш!
1 „Колку убав разговор! Не смеам да заборавам да направам повторна посета овде.“ Ти се случило ли некогаш да ги кажеш овие зборови, но подоцна да заборавиш каде живее тоа лице? Ако е така, тогаш знаеш дека единствен начин на кој можеш да се погрижиш повторно да навратиш е да запишеш.
2 Запишувај сѐ: Додека во мислите сѐ уште ти е свеж разговорот со некое заинтересирано лице, одвој малку време за да ги запишеш сите потребни информации за посетата. Запиши го името на лицето и како ќе го препознаеш. Запиши ја неговата адреса, но не ја нагаѓај — провери дали сигурно е точно она што го пишуваш. Забележи на која тема сте разговарале, кои стихови си ги прочитал и која литература си ја оставил.
3 Ако си оставил некое прашање да се одговори следниот пат кога ќе го посетиш лицето, запиши го и тоа. Дали успеа да дознаеш нешто за лицето, за неговото семејство или за неговата религија? Ако да, забележи го и тоа. Ако го спомнеш тоа кога ќе навратиш следниот пат, ќе го покажеш твојот личен интерес за поединецот. На крајот, внеси го датумот и времето кога си дошол прв пат и кога си рекол дека повторно ќе навратиш. Со водење точни забелешки, ќе имаш јасни потсетници и помала е веројатноста да го заборавиш ветувањето повторно да навратиш (1. Тим. 1:12).
4 Штом ќе ги завршиш своите белешки, стави ги кај останатата опрема за служба на теренот — чантата за книги, Библијата, книгата Расправљање и литературата — за да ти бидат секогаш при рака. Најдобро е во белешките од куќа до куќа да ги запишуваш местата каде што немало никој дома одвоено од белешките што ги користиш за да ги бележиш повторните посети. Се разбира, освен трудот што го вложуваш во бележењето на повторните посети, важно е да се погрижиш и повторно да навратиш!
5 Размислувај за тоа лице: Кога се подготвуваш за служба, разгледај ги белешките за твоите повторни посети. Размислувај за секој поединец и за тоа каков пристап би бил најдобар да се употреби кога ќе го посетиш следнот пат. Размислувај за тоа на кој начин интересот на лицето ќе може да прерасне во домашна библиска студија. Таквото планирање може да ја зголеми твојата продуктивност како слуга на добрата вест и, според тоа, твојата лична радост (Изр. 21:5а).
6 Затоа, следниот пат кога ќе наидеш на уво што слуша, не размислувај дека лесно ќе ја запомниш посетата. Наместо тоа, запиши, разгледај ги белешките, размислувај за лицето и потоа погрижи се да навратиш повторно!