ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/00 стр. 5
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • Самохрани родители, многукратни предизвици
    Разбудете се! 2003
  • Прашања
    Нашата служба за Царството 2010
  • Воспитувај го своето дете уште од најраното детство
    Тајната на семејната среќа
  • Старателство на деца — религијата и законот
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 5/00 стр. 5

Рубрика прашања

◼ Како можат редарите да им помогнат на родителите нивните деца да задржат пристојно однесување на состаноците?

По природа децата се енергични и не се навикнати да седат долго време. После состанокот, децата се полни со енергија која може да ги тера да трчаат и да се бркаат со другите деца во Салата на Царството или на другите места за состанување, на паркиралиштето или на тротоарот. Меѓутоа, вистинита е изреката: „Момче, оставено без грижа, ги посрамува своите родители“ (Изр. 29:15).

За жал, некои од нашите постари браќа и сестри биле сериозно повредени бидејќи децата се затрчале во нив и ги турнале. Тоа предизвикало непотребна болка, како и непотребни трошоци за родителите и за собранието. Заради нивна лична безбедност и заради безбедноста на другите, на децата не треба да им се дозволи да трчаат и да играат внатре и надвор од Салата на Царството.

Родителите имаат библиска одговорност да ги воспитаат своите деца да се однесуваат со исправна почит кога се наоѓаат во нашите места за обожавање (Проп. 5:1а). На нашите христијански состаноци, собири и конгреси, редарите имаат задача да се погрижат „сѐ да се врши како прилега и уредно“ и да има „ред“ (1. Кор. 14:40; Кол. 2:5). Мора да бидат внимателни пред, за време на и после програмата, и внатре и надвор. Ако некое дете трча или станува немирно, редарот може љубезно да го запре детето и да му објасни зошто не е пожелно такво однесување. И на родителот на детето треба љубезно да му се каже за проблемот и за потребата да го надгледува детето. Родителот треба да реагира на исправен начин.

Се разбира дека понекогаш доенчињата и малите деца ќе плачат или ќе сметаат за време на состаноците. Редарите, кои ќе доаѓаат барем 20 минути пред почетокот на програмата, можат да ги резервираат последните неколку редови во салата за родителите кои ќе сакаат да седат таму со своите деца. Ние другите треба да соработуваме со тоа што ќе ги оставиме тие седишта слободни за нив.

Ако некое дете им смета на другите, родителот треба да преземе нешто. Ако родителот не преземе ништо и сметањето го одвлекува вниманието, редарот треба љубезно да го замоли родителот да го изнесе детето од салата. Кога каниме на состаноците да дојдат некои нови кои имаат мали деца, треба да седиме со нив и да им се понудиме да им помогнеме ако децата плачат или сметаат на друг начин.

Радосни сме кога ќе видиме деца од сите возрасти во Салата на Царството и кога го набљудуваме нивното добро однесување во Божјето домаќинство (1. Тим. 3:15). Со тоа што ја почитуваат Јеховината подготовка за обожавање, тие му донесуваат чест и ќе бидат ценети од целото собрание.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели