Прашања
◼ Како може секој да придонесе да извлечеме потполна корист од поуките што ги добиваме на собраниските состаноци? (5. Мој. 31:12)
Од почит кон Јехова и кон собраниските состаноци, добро е сите да дојдеме доволно рано и да бидеме подготвени да ги примиме поуките од Бог. Би било убаво да седнеме во предниот дел од Салата, за да останат повеќе седишта во задните редови за оние со мали деца и за оние што понекогаш доцнат. Пред да почне состанокот, треба да го исклучиме звукот на нашите електронски уреди (мобилните телефони, пејџерите и др.) за да не им пречиме на присутните. Доколку сите присутни имаат длабока почит кон состаноците, тогаш нема да има големи и чести пречки за време на програмата (Проп. 5:1; Фил. 2:4).
Кога новите ќе почнат да доаѓаат на состаноците, некој од собранието кој ги познава би можел да седи со нив. Ова особено ќе биде корисно ако имаат мали деца. Присуството на состаноците можеби е нешто сосема ново за семејството. Затоа, тие најверојатно ќе сакаат да седат во задниот дел од салата, каде што помалку ќе им пречат на другите кога ќе мораат повремено да излезат за да се погрижат околу потребите на своите деца (Изр. 22:6, 15). Семејствата што имаат мали деца не треба во текот на целиот состанок да седат во посебна просторија каде што децата ќе можат да прават врева. Ако родителите сакаат да ги искараат децата или да се погрижат за други потреби, обично е најдобро тоа да го прават надвор од просторијата каде што се одржува состанокот и потоа да се вратат внатре.
Редарите се грижат на состанокот да има ред каков што доликува на еден Божји дом. Тие им помагаат на семејствата и на оние што понекогаш доцнат да најдат соодветно место за седење. Редарите треба да бидат обѕирни и тактични кога им помагаат на другите да се сместат за да не им пречат на останатите. Треба добро да проценат како да постапат кога ќе се појави некоја неочекувана ситуација. Ако некое дете почне да им пречи на другите, редарите можат љубезно да помогнат.
Сите присутни на христијанските состаноци можат да придонесат да извлечеме потполна корист од поуките што ги добиваме за Јехова и за неговата намера за еден мирољубив и праведен нов свет (Евр. 10:24, 25).