ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp20 Бр. 1 стр. 3-5
  • Во потрага по вистината

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во потрага по вистината
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • МОЖЕ ЛИ ДА СЕ ДОЗНАЕ ВИСТИНАТА?
  • КАКО НАОЃАШ ВЕРОДОСТОЈНИ ИНФОРМАЦИИ
  • УНИКАТНА КНИГА СО ВЕРОДОСТОЈНИ ОДГОВОРИ
  • Зошто не можам да учам?
    Разбудете се! 1996
  • Да го имитираме Богот на вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Зошто да се бара вистината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Живеј според вистината
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
wp20 Бр. 1 стр. 3-5
Еден човек гледа во полици полни со книги

Во потрага по вистината

Понекогаш е животоважно да ја знаеме вистината за некоја работа. На пример, размисли за прашањето: „Како се шират заразните болести?“ Одговорот на ова прашање извршил огромно влијание врз животот на луѓето.

Со векови никој не знаел што ги предизвикува заразните болести. Во тој период милиони луѓе биле жртви на разни епидемии. Со текот на времето, научниците ја откриле вистината. Тие сфатиле дека причинители за болестите најчесто се микроорганизми, како бактерии и вируси. Откако била откриена вистината во врска со ова, луѓето успеале да спречат и да излечат многу болести. Благодарение на тоа, милијарди лица живеат подолго и водат поздрав живот.

Како може да влијае врз тебе тоа што ќе ја дознаеш вистината за некои други важни прашања, како што се:

  • Кој е Бог?

  • Кој е Исус Христос?

  • Што е Божјето Царство?

  • Што ни носи иднината?

Милиони луѓе кои го дознале одговорот на овие прашања денес имаат посреќен живот. И ти можеш да бидеш еден од нив.

МОЖЕ ЛИ ДА СЕ ДОЗНАЕ ВИСТИНАТА?

Можеби се прашуваш: „Како воопшто е можно да се дознае вистината во врска со било што?“ Се чини дека денес станува сѐ потешко да се дознае вистината за многу работи. Зошто?

Многу луѓе немаат доверба дека владите, трговците и медиумите им ја кажуваат вистината. Не им е лесно да препознаат дали информациите што им се изнесуваат се проверени факти или само лични мислења, полувистини, па дури и лаги. Бидејќи владее таква недоверба и се шират секакви дезинформации, луѓето не само што не го разбираат на ист начин она што им се кажува туку и не се сигурни кои работи се точни, а кои не.

Иако не е лесно, сепак можеш да најдеш веродостојни одговори на најважните прашања. Како? На истиот начин на кој наоѓаш одговор во други ситуации од секојдневниот живот.

КАКО НАОЃАШ ВЕРОДОСТОЈНИ ИНФОРМАЦИИ

Во некоја мера, ти трагаш по вистината секој ден така што бараш веродостојни информации. Размисли за проблемот на една жена по име Џесика. Таа вели: „Ќерка ми има толку тешка алергија на кикиритки што макар и минимална количина на протеини што ги содржат тие може да биде смртоносна за неа“. Џесика мора секогаш да испитува дали храната што ја купува е безбедна за нејзината ќерка. Таа вели: „Најпрво внимателно ја читам налепницата за да ги проверам состојките на производот. Потоа додатно истражувам, па дури и контактирам со производителот за да дознаам дали е можно некој протеин од кикиритки случајно да се измешал со тие состојки. Освен тоа, проверувам други веродостојни извори за да бидам сигурна дека таа фирма се држи за високи стандарди при подготовката на своите производи“.

Истиот човек разгледува една книга што ја зел од полиците и ја споредува со информации што ги нашол на својот електронски уред

Најверојатно одговорите на некои прашања што ти се наметнуваат не се од пресудна важност за твојот живот. Сепак, исто како Џесика, можеш да го користиш следниов пристап за да ја откриеш вистината во врска со некои работи:

  • Дознај ги фактите.

  • Додатно истражувај.

  • Користи информации од веродостојни извори.

Како може истиот овој пристап да ти помогне да го најдеш точниот одговор на некои животоважни прашања?

УНИКАТНА КНИГА СО ВЕРОДОСТОЈНИ ОДГОВОРИ

Во својата потрага по библиската вистина, Џесика постапила на сличен начин како што постапува кога бара информации за алергијата на ќерка ѝ. Таа вели: „Ја дознав вистината од Библијата благодарение на тоа што внимателно ја читав и темелно ја истражував“. Исто како Џесика, милиони луѓе го дознале библискиот одговор на следниве прашања:

  • Која е смислата на животот?

  • Што се случува кога некој ќе умре?

  • Зошто има страдање?

  • Што прави Бог за да им стави крај на сите страдања?

  • Како можат семејствата да бидат среќни?

Истиот човек ја чита Библијата, а пред него има отворен лаптоп

Можеш да го дознаеш точниот одговор на овие и на други прашања така што ќе ја читаш Библијата и додатно ќе истражуваш на интернет-страницата www.jw.org/mk.

Во овој број на Стражарска кула ќе бидат разгледани следниве прашања:

  • Кој е Бог?

  • Кој е Исус Христос?

  • Што е Божјето Царство?

  • Што ни носи иднината?

Но, најпрво да видиме зошто може да имаме доверба дека она што го пишува во Библијата е вистина.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели