„Збор кажан во вистинско време“
1 Дали за тебе е предизвик да им ја пренесуваш пораката на живот на другите луѓе? Дали сметаш дека мораш да кажеш нешто длабоко за да ги импресионираш оние кои те слушаат? Кога Исус ги испратил своите ученици, тој им рекол: „Додека одите, проповедајте, велејќи: ‚Се приближи небесното царство‘“ (Мат. 10:7). Пораката била едноставна и лесно се пренесувала. И денес не е ништо поинаку.
2 Честопати се потребни само неколку зборови за да се започне разговор. Кога Филип го сретнал етиопскиот евнух, го запрашал: „Го разбираш ли всушност тоа што го читаш?“ (Дела 8:30). Колку само наградувачка дискусија произлегла од тој „збор кажан во вистинско време“! (Посл. 25:11, NW).
3 И ти можеш да користиш сличен пристап во својата служба. Како? Со тоа што ќе набљудуваш и ќе избираш зборови кои одговараат на околностите. Постави прашање и слушај го одговорот.
4 Некои основни прашања: За да започнеш разговор, би можел да се обидеш со некое од овие прашања:
◼ „Дали ја користите Господовата молитва (или Оченаш) во Вашето обожавање?“ (Мат. 6:9, 10). Кажи дел од неа и потоа речи: „Некои луѓе прашуваат: ‚Кое е Божјето име за кое Исус рекол дека треба да се свети?‘ Други прашуваат: ‚Кое е Царството за кое Исус рекол дека треба да се молиме?‘ Дали сте нашле задоволувачки одговор на овие прашања?“
◼ „Дали некогаш сте се прашале: ‚Која е смислата на животот?‘“ Покажи дека таа е поврзана со спознанието за Бог (Проп. 12:13; Јован 17:3).
◼ „Дали мислите дека смртта некогаш ќе биде победена?“ Употреби ги стиховите од Исаија 25:8 и Откровение 21:4 за да дадеш веродостоен одговор.
◼ „Дали постои едноставно решение за немирите во светот?“ Покажи дека Бог поучува ‚да го љубиме својот ближен‘ (Мат. 22:39).
◼ „Дали еден ден нашата земја ќе биде уништена во космичка катастрофа?“ Сподели го библиското ветување дека земјата ќе остане засекогаш (Псал. 104:5).
5 Презентирај ја добрата вест на едноставен, директен начин со љубезен пристап. Јехова ќе ги благослови твоите напори да споделиш дури и еден „збор“ на вистината со другите.