Да учиме од видеокасетата Библијата — точна историја, веродостојно пророштво
Откако ќе ја гледаш оваа видеокасета, можеш ли да одговориш на следниве прашања? 1) Кој е Изворот на веродостојните информации што се наоѓаат во Библијата? (Дан. 2:28). 2) На кој начин Библијата ни дава точна слика за древниот Египет, и како се исполнило пророштвото што е запишано во Исаија 19:3, 4? 3) Како археологијата го потврдува библискиот приказ на Асирците, нивните цареви и крајот на Асирија? (Наум 3:1, 7, 13). 4) Кои пророштва во врска со Вавилон се покажале веродостојни? 5) Какво влијание имала Медо-Персија врз Божјиот народ? 6) Како се исполниле стиховите од Даниел 8:5, 8 и колку време однапред било претскажано тоа? 7) Како Исус покажал дека е вистинскиот Месија? 8) Кои современи политички сили ги исполнуваат пророштвата што се наоѓаат во Откровение 13:11 и 17:11? 9) Кои сцени од оваа видеокасета ја докажуваат вистинитоста на Проповедник 8:9? 10) Како ова прикажување ја зајакна твојата вера во библиските ветувања за иднината? 11) Како можеш да ја искористиш оваа алатка за да ги увериш другите дека Библијата има божествено потекло?