Библијата — точна историја, веродостојни пророштва
Што покажува дека Библијата е историски точна? Кои исполнети библиски пророштва нѐ уверуваат дека ќе се исполнат и идните пророштва? Овие прашања се одговорени во видеопрограмата Библијата — точна историја, веродостојни пророштва. Тоа е третиот дел од DVD-то Библијата — книга на факти и пророштва (на српски и на хрватски јазик). Откако ќе ја гледаш оваа програма, обиди се да одговориш на следниве прашања.
1) Кој е Изворот на веродостојните информации во Библијата? (Дан. 2:28). 2) На кој начин Библијата ни дава точна слика за древниот Египет, и како се исполнило пророштвото запишано во Исаија 19:3, 4? 3) Како археологијата го потврдува библискиот опис на Асирците, нивните цареви и крајот на Асирија? (Наум 3:1, 7, 13). 4) Кои пророштва во врска со Вавилон се покажале веродостојни? (Ерем. 20:4; 50:38; 51:30). 5) Кое пророштво во врска со Медо-Персија се исполнило? (Иса. 44:28). 6) Како се исполниле пророштвата во врска со Грција запишани во Даниел 7:6 и 8:5, 8? 7) Како се исполнило пророштвото од Даниел 7:7 кога Рим станал светска сила? 8) Кои цезари се спомнати во Библијата? 9) Што се случило со христијаните за време на владеењето на Нерон? 10) Како се исполниле пророштвата од Откровение 13:11 и 17:10? 11) Кој е осмиот цар? 12) Кои сцени од оваа видеопрограма ја докажуваат вистинитоста на Проповедник 8:9? 13) Кои идни пророштва едвај чекаш да се исполнат? 14) Како можеш да ја користиш оваа видеопрограма за да ги увериш другите дека Библијата е книга од Бог?