ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/9 стр. 16
  • Одговор на библиски прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одговор на библиски прашања
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Сличен материјал
  • Божјето Царство владее!
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Библијата — точна историја, веродостојни пророштва
    Нашата служба за Царството 2010
  • Учи од библиските пророштва
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Библијата — книга со точни пророштва — дел 7
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/9 стр. 16

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Зошто во Библијата има пророштва?

Исус зборува со некои од своите апостоли на Маслинската Гора

Зошто во Библијата се опишани настаните што се случуваат во наше време? (Лука 21:10, 11)

Во Библијата се запишани многу детални пророштва. Ниту еден човек не може толку точно да ја предвиди иднината. Затоа, исполнувањето на библиските пророштва е непобитен доказ дека Библијата е Божја Реч. (Прочитај Исус Навин 23:14; 2. Петрово 1:20, 21.)

Библиските пророштва што веќе се исполниле ни даваат цврст темел да веруваме во Бог (Евреите 11:1). Исто така, тие нѐ уверуваат дека Божјите ветувања за подобра иднина ќе се исполнат. На тој начин, библиските пророштва ни даваат сигурна надеж. (Прочитај Псалм 37:29; Римјаните 15:4.)

Како ни помагаат библиските пророштва?

Пророштвата ги поттикнуваат Божјите слуги да преземат нешто. На пример, кога христијаните во првиот век виделе како некои пророштва се исполнуваат пред нивни очи, го напуштиле Ерусалим. Така биле на безбедно кога градот бил уништен затоа што повеќето луѓе го отфрлиле Исус. (Прочитај Лука 21:20-22.)

Пророштвата што се исполниле во минатото ни покажуваат дека Божјето Царство наскоро ќе им стави крај на сите човечки царства и влади (Даниел 2:44; Лука 21:31). Затоа е многу важно веднаш да сториме сѐ што е потребно за Исус Христос, кој е поставен од Бог за Цар, да нѐ прифати како свои слуги. (Прочитај Лука 21:34-36.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во поглавје 2 од книгата Што навистина учи Библијата?, која е издадена од Јеховините сведоци

Достапна е и на www.jw.org/mk

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели