Родители — всадете корисни навики во своите деца
1 Корисните навики не се добиваат во наследство ниту, пак, се стекнуваат случајно. Освен тоа, за да се всадат добри навики кај децата треба време. „Да се всади“ значи „да се дава малку по малку“ или „да се внесува капка по капка“. Од родителите се бара доследност за да ‚ги подигнат [своите деца] во дисциплина и во Јеховино умствено насочување‘ (Ефеш. 6:4).
2 Започни уште кога е доенче: Малите деца имаат извонредна способност да учат и да прават нови работи. Иако на возрасните честопати им е тешко да научат нов јазик, децата на предучилишна возраст можат да научат два или три јазика истовремено. Никогаш немој да мислиш дека твоето дете е премало за да стекне добри навики. Ако поуката за библиските вистини започне рано и потоа продолжи, кога детето ќе дојде на возраст од неколку години неговиот ум ќе биде исполнет со спознание кое ќе го ‚направи мудар‘ за спасение (2. Тим. 3:15).
3 Службата на теренот нека биде навика: Една корисна навика што треба да се всади додека детето е во години кога се оформува како личност е редовното проповедање на добрата вест за Божјето Царство. Многу родители почнуваат со ова земајќи ги своите деца во службата од куќа до куќа додека децата сѐ уште се доенчиња. Редовното учество на родителите во делото на сведочење им помага на нивните деца да стекнат ценење и ревност за службата. Родителите можат да им покажат на децата како и тие да даваат сведоштво во секоја гранка од службата на теренот.
4 За децата ќе биде корисно да се запишат во Теократската школа за служба. Таа ги учи на добри навики на проучување и како да читаат со разбирање. Учат да разговараат за Библијата, да прават повторни посети и да водат библиски студии. Ваквата обука може да ги мотивира да бидат пионери и да се стремат по посебни предности во службата. Многу бетелити и мисионери со љубов се сеќаваат на своите рани денови во оваа школа и на неа гледаат како на подготовка што им помогнала да стекнат корисни навики.
5 Сите ние сме како глина во рацете на Големиот Грнчар, Јехова (Иса. 64:8). Колку е посвежа глината, толку полесно се обликува. Колку подолго се суши, толку потврда станува. Така е и со луѓето. Кога се млади, тие полесно се обликуваат — и колку се помлади, толку подобро. Годините на нивното детство се години во кои се оформуваат како личности, кога обликувањето ќе биде за добро или за лошо. Како грижлив родител, рано почни да всадуваш во своите деца корисни навики за христијанската служба.