ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/01 стр. 8
  • Јехова дава моќ

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова дава моќ
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • Јехова му дава сила на уморниот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • „Барајте го Јехова и неговата сила“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Јехова ќе ти даде сила
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Јехова им дава сила на уморните
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 2/01 стр. 8

Јехова дава моќ

1 Каков впечаток имаш за апостол Павле? Додека ја читаме книгата Дела, сфаќаме колку бил трудољубив во Јеховината служба. Како Павле го постигнал сето она што го направил? Тој рекол: „За сѐ имам сила со помош на оној кој ми дава моќ“ (Фил. 4:13). И нам може да ни користи моќта што ја дава Јехова. Како? Искористувајќи ги шесте подготовки што ги прави за нас за да бидеме духовно ободрени и зајакнати.

2 Божјата реч: Исто како што мораме да јадеме за да ја задржиме физичката сила, мора да се храниме и од Божјата реч за да останеме духовно живи (Мат. 4:4). Библијата дава моќ која нѐ поддржува. За да ја задржиме нашата ревност и воодушевеност за вистината, треба да имаме смисловна лична студија и да медитираме, ако е можно секој ден (Псал. 1:2, 3).

3 Молитва: Важно е да му се приближиме на Јехова, особено во моменти кога има некоја посебна потреба. Преку својот дух, тој им дава поткрепувачка моќ на оние кои го бараат тоа од него во молитва (Лука 11:13; Ефе. 3:16). Писмото нѐ охрабрува да ‚истраеме во молитва‘ (Рим. 12:12). Дали го правиш тоа?

4 Собранието: Добиваме сила и охрабрување и од собраниските состаноци, како и од срдечното дружење со нашите браќа и сестри (Евр. 10:24, 25). Кога нѐ мачи нешто, тие ни помагаат да се охрабриме и со љубов ни пружаат помош (Посл. 17:17; Проп. 4:10).

5 Службата на теренот: Редовното учество во службата ни помага да останеме сосредоточени на Царството и на неговите благослови. Потстрекнати сме во духот кога им помагаме на другите да учат за Јехова (Дела 20:35). Не можеме сите да се преселиме за да служиме онаму каде што има поголема потреба или да учествуваме во полновремената служба, но можеме да имаме значајно учество во службата на други начини (Евр. 6:10—12).

6 Христијанските надгледници: Ни користи охрабрувањето и помошта што ни ја даваат старешините. Јехова им дал задача да го пасат Божјето стадо кое е под нивна грижа (1. Пет. 5:2). Патувачките надгледници ги изградуваат собранијата на кои им служат, исто како што правел Павле во свое време (Рим. 1:11, 12).

7 Примерите на верните луѓе: Ободрени сме кога размислуваме за позитивните примери на верните соработници, како во древно така и во денешно време (Евр. 12:1). Кога ти треба закрепнување, зошто не прочиташ едно од охрабрувачките животни приказни во нашите списанија, некој изградувачки извештај од Годишник или некој возбудлив извештај од современата историја на Јеховините сведоци во книгата Proclaimers (Објавители)?

8 Еден брат, кој сега е во средината на своите 90-ти години, ја прифатил вистината кога бил младо момче. Додека сѐ уште бил млад, неговата вера била ставена на испит. Прво, некои кои биле активно поврзани со собранието ја напуштиле Јеховината организација. Потоа, му било тешко да ја извршува службата од куќа до куќа. Сепак, секогаш се потпирал на Јехова. Наскоро уживал во службата. А денес? И покрај слабото здравје, тој сѐ уште е член на бетелската фамилија во Бруклин, служејќи во Водечкото тело. Не жали заради тоа што се држел блиску до Јеховината организација.

9 Една сестра која е член на бетелската фамилија во Британија се крстила кога имала 13 години. Веќе следната година почнала со пионерската служба заедно со својот брат, а една година подоцна татко ѝ бил ставен в затвор заради неговата неутралност во II светска војна. Таа постојано се потпирала на Јехова за да добие моќ и продолжила да му служи на вистинскиот Бог. Со текот на времето се омажила за еден верен брат и заедно продолжиле да ја извршуваат Јеховината волја. По 35 години брак, нејзиниот сопруг неочекувано починал. Повторно црпела сила од Јехова и сѐ уште му служи и денес, со радост очекувајќи да му служи засекогаш како член на Јеховината фамилија на земјата.

10 Јехова им помага и ги закрепнува своите верни слуги. „На заморениот му ја враќа силата, го зајакнува немоќниот“. Можеме да црпиме од овој непресушен извор на моќ искористувајќи ги сите шест подготовки спомнати погоре. Запомни: „На оние кои се надеваат во Господа, силата се обновува . . . трчаат и не постануваат, одат и не се уморуваат“ (Иса. 40:29—31). Павле многу се потпирал на Јехова за сила, па мораме и ние.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели