Помогни им на другите да присуствуваат на состаноците
1 „Сите пријатели во околината . . . кои сакат да присуствуваат на состаноците, срдечно се поканети“. Откако се појави ова известување во ноемвриското издание на Сионска Стражарска кула од 1880 година, Јеховините сведоци ревносно ги покануваат луѓето да се собираат за да добијат библиска поука (Откр. 22:17). Ова е многу битен дел од вистинското обожавање.
2 Од пресудна важност е да се присуствува: Поврзаноста со собранието носи благослови. Подобро се запознаваме со нашиот прекрасен Бог, Јехова. Во собранието се состануваме за да бидеме „поучени од Јехова“ (Иса. 54:13, NW). Неговата организација ни изнесува една постојана програма на библиска поука која нѐ зближува со него и ни дава практична помош во применувањето на „целиот Божји совет“ (Дела 20:27; Лука 12:42). Состаноците го школуваат секого лично во уметноста на поучување на Божјата реч. Потсетувањата од Писмото ни помагаат да имаме добри односи со другите луѓе и со самиот Јехова. Дружењето со оние кои го љубат Бог ја зајакнува нашата вера (Рим. 1:11, 12).
3 Упатувај директна покана: Уште од првата студија, поканувај го секој библиски студент да доаѓа на состаноците. Поттикни го неговиот интерес со тоа што ќе му пренесеш некоја мисла од минатиот состанок која те охрабрила и ќе му обрнеш внимание на нешто што ќе се дискутира на следниот состанок. Опиши каква е Салата на Царството и увери се дали знае да ја најде.
4 Ако студентот не дојде веднаш, продолжи да го каниш. Одвојувај по неколку минути секоја седмица за да му покажеш како функционира нашата организација. Користи ја брошурата Ја извршуваат Божјата волја и видеокасетата Јеховини сведоци — организацијата зад името за да го запознаеш со нас и со нашите состаноци. Оди кај него и со други објавители за да го запознаеш студентот со нив. Во молитва заблагодари му се на Јехова за организацијата и спомни дека е потребно студентот да се поврзе со неа.
5 Не колебај се да им помогнеш на новозаинтересираните да се собираат заедно со нас. Додека расте нивното ценење за Јехова, ќе бидат поттикнати да го применуваат она што го учат и да станат дел од Божјата обединета организација (1. Кор. 14:25).