Впечатоци од видеокасетата Библијата — нејзината моќ во вашиот живот
Кога ќе одговараш на следниве прашања, изрази ги своите длабоки впечатоци од пораката што е содржана во оваа видеокасета. 1а) Што им дало сила на милиони луѓе да го променат својот живот на подобро? (Евр. 4:12). 1б) Што е неопходно за да се добие оваа сила и да се примени во животот? 2) Кои библиски стихови беа наведени за да им се помогне на брачните партнери а) да ја подобрат својата комуникација и б) да го контролираат својот гнев? 3) На кој начин христијанското гледиште за бракот го менува семејниот живот на подобро? (Ефеш. 5:28, 29). 4) На кој начин Јехова Бог дал совршен пример за тоа како да им се дадат на децата три работи кои тие ги сакаат и им се потребни, и како можат родителите денес да го сторат истото? (Мар. 1:9—11) 5) Зошто родителите треба лично да ги поучуваат своите деца за Библијата и што покажува дека е потребно редовно да се прави тоа? (Втор. 6:6, 7) 6) Како можат родителите да ја направат интересна семејната студија? 7) Освен библиската студија, што друго ги мотивира Божјата реч родителите да обезбедат за своите деца? 8) Како можат библиските совети да им помогнат на семејствата да преживеат во економски поглед? 9) Кога ќе се применат, кои начела од Писмото помагаат да се намалат здравствените проблеми? 10) На кој начин начелата од Божјата реч промениле нешто во твојот живот? 11) Зошто гледањето на оваа видеокасета може да охрабри некого што го посетуваш во службата да прифати домашна библиска студија?