Библијата — нејзината моќ во вашиот живот
Библијата им помогнала на милиони луѓе да го подобрат својот живот. Кои практични библиски начела би можеле да ни помогнат да се справиме со денешните проблеми? Сигурно ќе сакаш да го дознаеш одговорот на ова прашање кога ќе ја гледаш видеопрограмата Библијата — нејзината моќ во вашиот живот, која се наоѓа на DVD-то Библијата — книга на факти и пророштва (на српски и на хрватски јазик). Откако ќе ја гледаш оваа видеопрограма, обиди се да одговориш на следниве прашања:
1) Зошто може да се каже дека Библијата не е само книжевно ремек-дело? (Евр. 4:12) 2) Ако Библијата може да им помогне на луѓето да си го подобрат животот, зошто тогаш има толку многу проблеми во светот? 3) Која е главната тема на Библијата? 4) Кои библиски стихови беа спомнати што можат да им помогнат на брачните парови а) да имаат подобра комуникација и б) да ја контролираат својата избувливост? 5) Како христијанското гледиште за бракот влијае позитивно врз семејството? (Еф. 5:28, 29) 6) Во која смисла Јехова им дал совршен пример на родителите? (Марко 1:9-11) 7) Како можат родителите да го направат семејното проучување интересно? 8) Според Божјата Реч, што друго треба родителите да им обезбедат на своите деца освен што ќе ја проучуваат Библијата со нив? 9) Како библиските совети им помагаат на семејствата да се издржуваат во материјален поглед? 10) Кои библиски начела во врска со чистотата, стресот и злоупотребата на дрога и алкохол помагаат да се намалат здравствените проблеми? 11) Кои библиски ветувања можат да нѐ зајакнат? (Јов 33:25; Пс. 145:16) 12) Како учењата од Божјата Реч го промениле твојот живот? 13) Како можеш да го користиш ова DVD за да им помагаш на другите?