Целосно учествувај во жетвата
1 Јеховините пророци од старо време, како и самиот Исус Христос, зборувале за едно дело на собирање (Иса. 56:8; Езек. 34:11; Јован 10:16). Денес се извршува едно вакво дело додека низ целиот свет се проповеда добрата вест за Царството (Мат. 24:14). Разликата помеѓу оние што му служат на Бог и оние што не му служат станува многу очигледна (Мал. 3:18). Што значи ова за нас?
2 Лична одговорност: Можеме да научиме нешто од примерот на Павле, кој бил целосно ангажиран во предводењето во христијанската служба. Тој чувствувал одговорност да проповеда за да можат сите луѓе да имаат прилика да ја чујат добрата вест и да се спасат. Ова го поттикнало непрекинато да се напрега во нивна корист (Рим. 1:14—17). Со оглед на опасната ситуација со која се соочува човештвото денес, зарем немаме уште поголема одговорност да им проповедаме на оние кои живеат на подрачјето што ни е доделено? (1. Кор. 9:16).
3 Време за итна акција: Делото на проповедање може да се спореди со потрага по исчезнати лица. Луѓето мора да се пронајдат и да им се помогне да дојдат на безбедно место пред да биде предоцна. Времето е ограничено. Во прашање се животи! Не е чудно тоа што Исус ги поттикнал своите ученици ‚да го молат Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва‘ (Мат. 9:38).
4 Увидувајќи ја итноста на денешното време, многу работници за Царството го зголемиле своето учество во оваа животоспасувачка активност. Еден тинејџер по име Хирохиша живеел во дом со самохран родител и четири помлади браќа и сестри. Се грижел за издршка на семејството со тоа што станувал во три часот наутро за да разнесува весници. Сепак, Хирохиша сакал да прави повеќе во службата и затоа почнал со општа пионерска служба. Постојат ли некои начини на кои би можел да учествуваш уште поцелосно во ова дело кое нема да се повтори никогаш повеќе?
5 „Преостанатото време е скратено“ (1. Кор. 7:29). Затоа, да правиме сѐ што можеме во најважното дело што се извршува на земјата денес — проповедање на добрата вест за Царството и правење ученици. Исус ја споредил оваа служба со работа за време на жетва (Мат. 9:35—38). Со тоа што целосно ќе учествуваме во жетвата, плод на нашиот труд може да биде тоа што ќе помогнеме некому да стане дел од големото мноштво обожаватели кое е опишано во Откровение 7:9, 10.