Продолжи да извлекуваш корист од Стражарска кула и Разбудете се!
Бидејќи поштенските претплати на Стражарска кула и Разбудете се! веќе извесно време се прекинати, треба да продолжиме да вложуваме напори да се погрижиме лично ние и оние на кои им проповедаме да не пропуштат ниту едно издание.
Лични примероци: Провери на штандот за литература дали си ја зголемил својата сегашна нарачка. Родителите треба да нарачаат доволно списанија така што секој член во семејството ќе има свој примерок. Запиши го своето име на твојот личен примерок за да не се случи ненамерно да го дадеш некому во службата на теренот. Кога ќе пристигнат пратките литература, браќата што се одговорни за тоа веднаш ќе го стават на располагање секое издание во Салата на Царството.
Обиколка со списанија: Објавителите треба да настојуваат да воспостават обиколка со списанија кај сите заинтересирани лица што сакаат да го добиваат секое издание. Личното врачување списанија на таквите ќе даде прилика да се негува покажаниот интерес и да се започнат библиски студии. (Види Наша служба за Царството од октомври 1998, страница 8.)
Оние со посебни потреби: Ако некој покаже искрен интерес но живее на недоделено подрачје, може да се направи исклучок и да му се овозможи да ги добива списанијата со претплата по пошта. Ако некој што живее на собраниското подрачје не може да се достигне при обиколката со списанија но е искрено заинтересиран да ги добива списанијата, дискутирај за тој случај со Собранискиот одбор за служба. Ако биде одобрено, може да се направи претплата за заинтересираното лице.
Можеме да бидеме уверени дека Јехова ќе продолжи да ги благословува сите наши напори да го објавуваме Царството со Стражарска кула и Разбудете се!