Да се соберат луѓе од сите јазици
1 Божјата реч се исполнува! Луѓе од „сите јазици на нациите“ го прифаќаат вистинското обожавање (Зах. 8:23, NW). Како им помагаат Јеховините сведоци на поединци од сите „племиња и народи и јазици“ да дојдат до чиста положба пред Јехова, со изглед да ја преживеат „големата неволја“? (Откр. 7:9, 14).
2 Божјата организација се оѕвива: Водечкото тело има направено подготовка библиската литература да биде достапна на околу 380 јазици за да можат луѓето на целата Земја јасно да ја разберат важноста на добрата вест. Подготвувањето и издавањето литература на толку многу јазици е огромен потфат. Тоа вклучува да се формираат тимови од оспособени преведувачи и да им се даде поддршката што им е потребна за да ја преведат нашата литература на сите овие јазици, како и за да се печати и да се транспортира материјалот. Меѓутоа, клучната улога ја имаат поединечните објавители на Царството, кои ја носат животоспасувачката порака до луѓето.
3 Да се прифати предизвикот: Сега, на многу места може да се најдат прилично голем број луѓе што зборуваат странски јазици. За да се достигнат овие луѓе со добрата вест, сѐ повеќе Божји слуги се трудат да научат некој друг јазик што се зборува на нивното подрачје. Овде, освен македонско, има и друго население како што е албанско и турско. Вистината од Божјата реч ја прифаќаат луѓе што никогаш не слушнале за Јехова или што не знаеле ништо за Библијата (Рим. 15:21).
4 Можеме ли поцелосно да се напрегаме во објавувањето на добрата вест на луѓето на нашето подрачје што се од друга култура? (Кол. 1:25). Многу собранија организираат проповедничко дело во локалната заедница на странци. Објавителите прво го учат јазикот толку колку да можат да изнесат едноставна презентација, како: „Здраво. Еве една добра вест за вас. [Потоа нудат трактат или брошура на тој јазик.] Пријатно“. Јехова навистина ги благословува таквите скромни почетоци!
5 Пораката за Царството е привлечна за луѓе од секакво потекло и јазик. Да ја зграпчиме можноста да ја споделиме со нив.