ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/02 стр. 1
  • Постави си духовни цели

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Постави си духовни цели
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Сличен материјал
  • Млади — кои се вашите духовни цели?
    Нашата служба за Царството 1997
  • Како да ги постигнеш своите духовни цели
    Нашата служба за Царството 2006
  • Користи ги духовните цели за да го величаш твојот Творец
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Како да ги остварам моите цели?
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Нашата служба за Царството 2002
km 8/02 стр. 1

Постави си духовни цели

1 Каква само чест ќе биде да го славиме Јехова низ сета вечност! За да си помогнеме да ја оствариме таа цел, можеме да си поставиме моментални духовни цели и да работиме на тоа да ги постигнеме. Ова ни овозможува мудро да ги насочиме своите сили (1. Кор. 9:26). Кои цели би биле реалистични за тебе?

2 Библиска студија: Се подготвуваш ли за секој собраниски состанок? Ако да, дали одвојуваш време за истражување и медитирање кога проучуваш? На пример, кога се подготвуваш за седмичната студија на Стражарска кула и за Собраниската студија на книга, дали само ги подвлекуваш одговорите или, пак, ги бараш наведените стихови и размислуваш за причините за дадените објаснувања? Можеш ли да си поставиш за цел секоја седмица да истражуваш неколку мисли од Библијата од доделениот материјал за читање во Теократската школа за служба? Таквото духовно копање бара време и напор, но донесува богати награди (Посл. 2:4, 5).

3 Собраниски состаноци: Друга цел е редовно да присуствуваш на сите пет собраниски состаноци. Тоа што ќе пристигнеме доволно рано за да се дружиме со соверниците и да учествуваме во воведната песна и молитва помага да се изгради духот во собранието. Исто така, можеме да се трудиме да коментираме на секој состанок и да работиме на тоа да ги подобриме своите коментари. Можеби можеш да покажеш како некој стих од пасусот се однесува на дискусијата или да укажеш на тоа како материјалот се применува во секојдневниот живот (Евр. 10:24, 25).

4 Служба на теренот: Нашата служба многу се подобрува кога си поставуваме цели. Имаш ли лична цел на часови што планираш да ги поминеш во службата секој месец? Некои увидуваат дека тоа е од помош. Или, би можел ли да се подобриш во некој аспект на твојата служба, како што е да ја користиш Библијата во проповедањето од врата до врата, да правиш посмисловни повторни посети, да се трудиш да започнеш библиска студија или поделотворно да поучуваш на студиите?

5 Родители, ги охрабрувате ли своите деца да си поставуваат цели во Јеховината служба? Помогнете им да увидат дека служењето како пионер, мисионер или како член на бетелската фамилија е извонреден начин да ја покажат длабочината на нивната благодарност кон Јехова (Проп. 12:1).

6 Со тоа што ги испитуваме своите активности, си поставуваме цели и потоа работиме на тоа да ги постигнеме, ќе најдеме поголема радост во службата и ќе бидеме извор на охрабрување за другите (Рим. 1:12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели