Сали на Царството — програмата за изградба напредува
1 Во 1983, на обласните конгреси „Единство на Царството“ во САД, беше објавено дека ќе биде основан посебен фонд за да се поддржува изградбата и реконструкцијата на Салите на Царството во САД и во Канада. Тогаш не бевме свесни кои благослови ќе произлезат од толку мали почетоци. Почнавме попотполно да го чувствуваме она што Псалм 92:4 толку соодветно го кажува: „Зашто Ти ме развесели со Твоите дела, о Господи. Ќе се радувам на делата од Твоите раце“.
2 Сега сме многу радосни за она што се постигнува. Денес е во тек една програма за забрзана глобална изградба на Сали на Царството. На некој начин, сите ние имаме предност да учествуваме во оваа активност. Тоа го правиме така што даваме големи или мали парични доброволни прилози за да помогнеме во финансирањето на изградбата на повеќе места за обожавање по целиот свет. Исто така, многу браќа доброволно ја нудат својата опрема како и своето време, способности и вештини што се поврзани со таквите проекти. Успехот на целата подготовка се должи на Јеховиното водство, поддршка и богат благослов врз нашите обединети напори (Псал. 127:1).
3 Многу подружници го следат образецот што првобитно беше воведен за собранијата во САД. Во Салите на Царството во многу земји има една кутија каде што објавителите ги ставаат своите доброволни прилози во Фондот за Сали на Царството. Во САД, Наша служба за Царството од март 1997 извести за едно преиначување во оваа програма. Тоа гласеше: „Уште откако во 1983 беше основан Фондот за Сали на Царството на заедницата, браќата дарежливо приложуваат и на тој начин овозможуваат да бидат дадени заеми за изградба на Сали на Царството. Веќе околу 2.700 собранија во оваа земја извлекоа корист од оваа подготовка. Во спротивно, многу собранија не би можеле да изградат нови Сали на Царството ниту да ги реновираат оние на кои им е потребна поправка. Сега има итна потреба нешто од овие приложени средства да се искористи за да се обезбедат заеми за собранијата во економски слабите земји. Заедницата и оние собранија што извлекуваат корист од вашите доброволни прилози длабоко ја ценат вашата понатамошна поддршка на оваа програма“.
4 Ова известување послужи како покана да се учествува во програмата за забрзана изградба на Сали на Царството. Фондот за Сали на Царството требаше да биде проширен за да ги вклучи и потребите на нашите браќа во други земји, додека продолжува да обезбедува заеми за изградба на Сали на Царството во Соединетите Држави. Една подоцнежна статија во изданието на Наша служба за Царството од август 1997 рече: „Ширум светот има постојана потреба од изградба на Сали на Царството. Само во текот на последнава службена година беа формирани 3.288 нови собранија. Многу од овие собранија се во Азија, Африка, Источна Европа и во Јужна и Централна Америка“.
5 Какви се резултатите оттогаш? Годишник — 2001 извести: „Со оваа подготовка досега во 30 земји се завршени 453 Сали на Царството, а во тек е изградбата на уште 727 други. Ставен е нагласок на развивањето стандардни планови за Сали на Царството за секоја земја при кои ќе се користат локални градежни материјали и методи. Во Кенија се користи камен; во Того е вообичаено да се користат цигли; во Камерун се популарни бетонски блокови што потоа се малтерисуваат. На тој начин, локалните браќа можат брзо да ги стекнат вештините што се потребни за да одиграат клучни улоги во склоп на националната програма“.
6 Докази за Јеховините благослови врз оваа програма можат да се најдат на големиот африкански континент. Додека ги гледаш сликите на некои од Салите на Царството што се изградени, замисли си го влијанието што таквата изградба го имаше врз делото на Јеховините сведоци! Ова се покажува вистинито на три различни подрачја — единството на нашето светско братство, ефектот врз локалната заедница и порастот на присуството на собраниските состаноци. Додека овој додаток фрла светлина врз Салите на Царството изградени во Африка, следните изданија на Наша служба за Царството ќе се сосредоточат на тоа како напредува програмата за изградба на Сали на Царството во другите региони во светот.
[Слики на страница 3]
ЦЕНТРАЛНО АФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА
Бимбо, Бангуи
Бегуа, Бангуи
[Слики на страница 4]
Уконго, Танзанија
[Слика на страница 4]
Акра, Гана
[Слика на страница 4]
Салала, Либерија
[Слика на страница 4]
Карои, Зимбабве
[Слики на страници 4 и 5]
Бенин — поранешна Сала на Царството
Алада, Бенин — нова Сала на Царството
[Слика на страница 5]
Пеме, Того
[Слика на страница 5]
Сокоде, Того
[Слики на страници 4 и 5]
Фијрос, Бенин
[Слика на страница 6]
Лиенга, Замбија — поранешна Сала на Царството
[Слика на страница 6]
Лиенга, Замбија — нова Сала на Царството
[Слика на страница 6]
Киншаса, Конго
[Слика на страница 6]
Мусамбира, Руанда