ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/02 стр. 1
  • Објавувај ја пораката за Царството

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Објавувај ја пораката за Царството
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Сличен материјал
  • Вистината за Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
  • Царство „кое нема да биде уништено“
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Божјето Царство владее
    Спознание кое води до вечен живот
  • Царство „кое никогаш нема да пропадне“
    Обожавај го единствениот вистински Бог
Повеќе
Нашата служба за Царството 2002
km 12/02 стр. 1

Објавувај ја пораката за Царството

1 ,Морам да ја објавувам добрата вест за Божјето царство, бидејќи за тоа сум испратен‘ (Лука 4:43). Со овие зборови, Исус ја идентификувал темата на својата служба — Божјето Царство. Пораката што ја објавуваме денес, исто така, се сосредоточува на Царството, како што е проречено во Матеј 24:14: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целата населена земја за сведоштво на сите нации; и тогаш ќе дојде крајот“. Кои вистини во врска со Божјето Царство треба да ги чујат луѓето?

2 Божјето Царство сега владее на небото и наскоро ќе ги замени сите човечки владетелства. Ѓаволот веќе е исфрлен од небото, а сегашниов злобен систем на работи е навлезен во своите последни денови (Откр. 12:10, 12). Стариот злобен систем на Сатана ќе биде потполно уништен, но Божјето Царство нема да биде разнишано. Тоа ќе остане засекогаш (Дан. 2:44; Евр. 12:28).

3 Царството ќе ги задоволи исправните желби на сите послушни луѓе. Тоа ќе донесе ослободување од страдањето предизвикано од војни, криминал, угнетување и сиромаштија (Псал. 46:8, 9; 72:12—14). За сите ќе има изобилство храна (Псал. 72:16; Иса. 25:6). Болестите и инвалидностите ќе бидат само далечно минато (Иса. 33:24; 35:5, 6). Како што човештвото ќе станува сѐ посовршено, така земјата ќе биде преобразена во рај, а луѓето ќе живеат заедно во мир (Иса. 11:6—9).

4 Покажуваме дека сакаме да бидеме поданици на Божјето Царство со начинот на кој живееме сега. Пораката за Царството треба да влијае на нашиот целокупен начин на живот, вклучувајќи ги и нашите цели и приоритети. На пример, иако имаме одговорност да се грижиме за своето семејство, не смееме да дозволиме материјалните грижи да ги задушат интересите на Царството (Мат. 13:22; 1. Тим. 5:8). Наместо тоа, мораме да обрнеме внимание на опомената на Исус: „Барајте го најнапред царството и Неговата праведност, а сите овие други работи [материјалните потреби] ќе ви се додадат“ (Мат. 6:33).

5 Итно е луѓето да ја чујат и да постапуваат во склад со пораката за Царството додека сѐ уште има време. Да им помогнеме да го направат тоа „изнесувајќи уверливи аргументи за Божјето царство“ (Дела 19:8).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели