ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/03 стр. 5
  • Помош во право време

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помош во право време
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • Не ги заборавајте неактивните
    Нашата служба за Царството 2007
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 2000
  • „Вратете се кај мене“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Помогни им да се вратат без одложување!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 2/03 стр. 5

Помош во право време

1 Кога апостол Петар видел потреба да ги зајакне соверниците, грижата го поттикнала со љубов да ги потсети на некои работи и да ги охрабри (2. Петр. 1:12, 13; 3:1). Тој ги поттикнал „оние кои стекнале вера“ да продолжат да ги развиваат своите духовни особини за да не станат „било неактивни било бесплодни во поглед на точното спознание за нашиот Господ Исус Христос“ (2. Петр. 1:1, 5—8). Целта на Петар била да им помогне да си го осигураат позивот и изборот што го добиле од Јехова за на крајот да можат ‚да бидат најдени без дамка и без петно и во мир‘ (2. Петр. 1:10, 11; 3:14). За многумина, неговото охрабрување се покажало како помош во право време.

2 Денес, христијанските надгледници на сличен начин се грижат за Божјиот народ. Во овие ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘, многу слуги на Јехова мораат да се борат со тешки околности (2. Тим. 3:1). Поради постојаните финансиски, семејни или лични проблеми, некои можеби се чувствуваат како што се чувствувал Давид: „Ме опкружија безбројни зла, моите беззаконија ме стигнаа, така што не можам да гледам; ги има повеќе од влакната на мојата глава“ (Псал. 40:12). Овие притисоци можат да станат толку големи што таквите лица можат да ги запостават важните духовни работи и да престатнат да имаат активен удел во христијанската служба. Сепак, и покрај нивните тешкотии, ‚не ги заборавиле Јеховините заповеди‘ (Псал. 119:176). Сега е вистинското време старешините да им ја дадат потребната помош на таквите лица (Иса. 32:1, 2).

3 За да ја задоволат оваа потреба, старешините се охрабрени да направат посебен напор за да им помогнат на оние што моментално немаат удел во делото на проповедање. Во тек се здружени напори за да се постигне ова, кои ќе продолжат и за време на март. Надгледниците на студија на книга се замолени да ги посетат неактивните за да им понудат духовна помош со цел да им помогнат да ја обноват својата активност во собранието. Таму каде што е потребно, може да се договори и лична библиска студија. И други може да бидат замолени да помогнат. Ако си замолен да го направиш тоа, твоите напори можат да бидат од голема корист, особено ако дадеш охрабрување на начин што е љубезен и полн со разбирање.

4 Сите ние имаме причина да се радуваме кога некој повторно ќе стане активен во собранието (Лука 15:6). Нашите напори да ги охрабриме неактивните може навистина да се покажат како „зборови кажани во право време“ (Посл. 25:11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели