Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 март
„Сметате ли дека учењата на Исус се практични за нашево време? [Дозволи одговор.] Без сомнение ќе се согласите со оваа заповед што Исус ја дал последниот ден од својот живот. [Прочитај Јован 15:12.] Исус поучил и за други важни лекции тој ден. Ова издание на Стражарска кула покажува како можеме да извлечеме корист од нив.“
Стражарска кула 1 април
„Овде е прикажан оброкот што традиционално е наречен Последна вечера. [Покажи ги насловната и последната страница од списанието.] Сте знаеле ли дека тоа е единствениот настан за кој на христијаните им е заповедано да го одбележуваат? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Лука 22:19.] Ова списание објаснува зошто ова одбележување е толку важно и како тоа влијае на вас.“
Разбудете се! 8 април
„Сметате ли дека родителите имаат причина да бидат загрижени за тоа како денешната насилна забава влијае врз нивните деца? [Дозволи одговор.] Многу родители го користат овој библиски стих како упатство. [Прочитај Псалм 11:5.] Ова издание на Разбудете се! им помага на семејствата да ги испитаат опасностите што се поврзани со електронските игри.“