Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 март
„Луѓето честопати зборуваат за доаѓањето на Исус Христос. Што мислите, дали треба да се плашиме од овој настан или да го очекуваме со радост? [Почекај да одговори.] Забележете што рекол во врска со ова библискиот писател Јован. [Прочитај Откровение 22:20.] Ова списание објаснува што ќе направи Христос кога ќе дојде.“
Разбудете се! Март
„Изгледа дека мнозина светски водачи се многу горди. Што мислите, дали овој став придонесува за мир и хармонија во светот? [Почекај да одговори.] Забележете што вели Библијата во врска со гордоста. [Прочитај Изреки 16:18.] Оваа статија објаснува зошто е корисно да бидеме понизни.“ Покажи ја статијата што почнува на 20. страница.
Стражарска кула 1 апр.
„Скоро секој ден се соочуваме со прашања во врска со нашето здравје, семејството и работата. Што мислите, каде можеме да најдеме веродостојни и практични одговори? [Почекај да одговори.] Забележете што вели Библијата во 2. Тимотеј 3:16. [Прочитај.] Ова списание покажува како Библијата може да ни помогне на многу практични начини.“
Разбудете се! Апр.
„Во многу делови од светот, луѓето сметаат дека има пад на моралните мерила. Дали сте го забележале ова? [Почекај да одговори.] Условите што постојат денес во светот исполнуваат едно библиско пророштво. [Прочитај 2. Тимотеј 3:2-4.] Ова списание објаснува на што укажува падот на моралот и кон што го води тоа човештвото.“