Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 април
„Бидејќи природните богатства се експлоатираат, сте се прашале ли некогаш дали нашава планета ќе опстои? [Почекај да одговори.] Би сакал да ви прочитам едно утешно ветување. [Прочитај Псалм 104:5.] Оваа статија покажува што вели Библијата за иднината на Земјата.“ Покажи ја статијата што почнува на 10. страница.
Разбудете се! Април
„Бидејќи се презафатени, на многумина им е тешко да најдат време за да му служат на Бог. Дали е тоа случај и со Вас? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Ефешаните 5:15-17.] Оваа статија дава разумно библиско објаснување за тоа колку време и сила очекува Бог да му посветиме.“ Покажи ја статијата што почнува на 20. страница.
Стражарска кула 1 мај
„Многу луѓе велат дека веруваат само во она што ќе го видат. Дали и Вие мислите така? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Римјаните 1:20.] Во ова списание се спомнати три особини на Бог што јасно можат да се видат од она што го создал и ни покажува до каков заклучок ќе дојдеме кога ќе размислиме за тие особини.“
Разбудете се! Мај
„Денес многу луѓе се плашат од иднината. Што мислите, ќе биде подобро или полошо? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Откровение 21:3, 4.] Ова списание објаснува зошто можеме да бидеме сигурни дека наскоро Бог ќе ги реши тешките проблеми што луѓето не успеваат да ги решат.“