Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 апр.
„Изгледа дека денес сѐ почесто се случуваат свирепи злосторства. [Дај некој локален пример или некој од списанието.] Сте се прашале ли некогаш како можат луѓето да бидат толку свирепи? [Почекај да одговори.] Библијата претскажала дека ќе се зголеми свирепоста. [Прочитај 2. Тимотеј 3:1-5.] Ова списание одговара на прашањето: ‚Дали свирепоста некогаш ќе заврши?‘“
Разбудете се! Апр.
„Многу луѓе тврдат дека се христијани. Што мислите, што значи да се биде христијанин? [Почекај да одговори.] Забележете што рекол Исус. [Прочитај Јован 15:14.] Оваа статија покажува дека не е доволно само да тврдиме дека сме христијани.“ Покажи ја статијата што почнува на 26. страница.
Стражарска кула 1 мај
„Смртта на некое дете предизвикува длабока и трајна болка кај родителите. Што мислите, каде можат да најдат утеха? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Римјаните 15:5.] Ова списание зборува за неколку начини на кои Бог им дава утеха на оние што се ужалени.“
Разбудете се! Мај
„Некои луѓе се богати, додека милиони други живеат во сиромаштија. Што мислите, ќе дојде ли време кога ќе нема таква нееднаквост? [Почекај да одговори.] Забележете како Бог гледа на оние што се сиромашни. [Прочитај Псалм 22:24.] Ова списание зборува за библиската надеж за сиромашните.“