Рубрика прашања
◼ На кои мерки на претпазливост треба да обрнеме внимание кога им сведочиме на затвореници?
Во светот има најмалку осум милиони затвореници, од кои некои покажуваат интерес за добрата вест (1. Тим. 2:4). Една канцеларија на подружницата секој месец прима во просек речиси 1.400 писма од затвореници и од членови на нивните семејства што бараат литература или лична посета. Иако интересот на многу затвореници е искрен, искуството покажува дека некои се прават дека се заинтересирани, сакајќи да го искористат Божјиот народ за себични цели. Со оглед на ова, сите треба да ги следиме следниве мерки на претпазливост во врска со сведочењето на затвореници.
Во многу случаи на затворениците им се сведочи преку писма. Силно препорачуваме сестрите да не им пишуваат на затвореници што се мажи, дури и кога тоа е со цел да им се даде духовна помош. Со таа одговорност треба да се справат само квалификувани браќа. Квалификувани сестри можат да бидат доделени да се допишуваат со затвореници што се жени кои покажуваат искрен интерес за библиската вистина. На затворениците не треба да им се испраќаат пари или лични подароци, и покрај фактот што можеби ќе бидат побарани.
Кога некој затвореник покажува интерес, неговото име и адреса треба да му се предадат на собранието во областа каде што се наоѓа затворот. Обично квалификуваните браќа знаат како да се справат со различни ситуации што можат да се појават. Ако не го знаете собранието, информациите треба да се испратат до канцеларијата на подружницата.
Нема приговор на тоа наименувани браќа да одржуваат состаноци со затворениците за неколкумина да можат да проучуваат во исто време. Меѓутоа, во затворот не треба да се одржуваат посебни настани во кои објавителите слободно се мешаат со затворениците. Освен тоа, би било непромислено објавителите да го посетуваат затворот без однапред внимателно да испланираат и блиско да се дружат со затворениците.
Да бидеме „претпазливи како змии, а сепак невини како гулаби“ додека ја споделуваме добрата вест со затвореници (Мат. 10:16).