ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/03 стр. 8
  • Божјата реч е вистина

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјата реч е вистина
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • Божјата Реч е делотворна
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • „Речта Божја . . . врши силно влијание“
    Нашата служба за Царството 2001
  • Дали ја браниш Божјата реч?
    Нашата служба за Царството 2007
  • Живеј според вистината
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 5/03 стр. 8

Божјата реч е вистина

1. Кои важни информации ги содржи Библијата?

1 „Целината на Твојот збор е вистина“, напишал псалмистот (Псал. 119:160). Преку својата инспирирана Реч, Јехова дава задоволувачки одговори на најважните прашања во животот. Им дава утеха и надеж на оние што имаат проблеми. Исто така ни покажува како можеме да му се приближиме. „Учењето на вистината од Библијата е како да излезеш од некое многу темно, мрачно место и да влезеш во чиста, светла и пријатна соба“, рекла една благодарна жена. Настојуваш ли да ја споделуваш вистината од Божјата реч во секоја прилика?

2. Како Библијата го подобрува животот на луѓето?

2 Моќ да преобразува и општа привлечност: Библиската вистина има моќ да ги допре срцата и да преобрази животи (Евр. 4:12). Една млада жена по име Роза се вплеткала во проституција, како и во злоупотреба на алкохол и дрога. „Еден ден, кога бев во краен очај“, вели таа, „еден брачен пар Сведоци разговараа со мене за тоа како може Библијата да ни помогне да ги решиме нашите проблеми. Почнав да ја проучувам Божајта реч која ми беше многу интересна. За еден месец собрав сила да почнам со чист и нов живот. Сега кога имав смисла во животот, повеќе не ми требаше помошта на алкохолот и дрогата. А затоа што толку многу сакав да му бидам пријател на Јехова, бев решена да живеам во склад со неговите мерила. Да не беше практичната мудрост од Божјата реч, сигурна сум дека досега ќе се самоубиев“ (Псал. 119:92).

3. Зошто не треба да се воздржуваме да ја споделуваме библиската порака со другите?

3 За разлика од повеќето книги денес, Библијата привлекува луѓе од ‚сите нации, племиња, народи и јазици‘ (Откр. 7:9). Божја волја е „сите видови луѓе да се спасат и да дојдат до точно спознание на вистината“ (1. Тим. 2:4). Затоа, никогаш да не си претпоставиме дека некое лице нема да биде приемливо за добрата вест само поради неговото потекло. Напротив, споделувај ја пораката за Царството со сите, правејќи го тоа директно од Библијата секогаш кога е можно.

4. Како можеме да ја користиме Библијата кога сведочиме?

4 Нагласи ги стиховите: Има многу прилики кога можеме да ја користиме Библијата во служба. Кога нудиш списание, пробај да го вклучиш стихот што се наоѓа во предложената презентација. Кога ја користат понудата за литература за тој месец, некои увидуваат дека е делотворно ако во своите уводи вклучат читање на внимателно избрани стихови. Кога правиш повторни посети, секојпат прочитај еден или повеќе библиски стихови за да му помогнеш на станарот постепено да стекнува точно спознание. Кога водиш библиска студија, сосредоточи ја дискусијата на клучните стихови. Кога не учествуваш во формалната служба, имај ја Библијата при рака за да ја користиш кога ќе се појават прилики за неформално сведочење (2. Тим. 2:15).

5. Зошто треба да настојуваме да ја користиме Библијата во нашата служба?

5 Да им помогнеме на другите да извлечат корист од мотивирачката моќ на Божјата реч на вистината користејќи ја Библијата во секоја прикладна прилика во нашата служба (1. Сол. 2:13).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели