Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 авг.
„За повеќето луѓе вреди да се стекне добро име. Некои дури се прашуваат по што ќе бидат запаметени по нивната смрт. Сте размислувале ли некогаш за тоа? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Проповедник 7:1.] Стражарска кула дискутира за тоа како можеме да си стекнеме добро име и кај луѓето и кај Бог.“
Стражарска кула 1 сеп.
„Многу луѓе сметаат дека различните религии се едноставно различни патишта што водат до истата цел. Други веруваат дека има само една вистинска вера. Сте размислувале ли некогаш за ова? [Дозволи одговор.] Ова списание испитува една древна споредба што го разјаснува ова прашање.“ Нагласи го Матеј 13:24—30.
Разбудете се! 8 сеп.
„Се чини дека луѓето денес не ги ценат моралот и добрите манири како порано. Сте забележале ли и вие дека е така? [Дозволи одговор.] Интересно, Библијата го дала ова пророштво. [Прочитај 2. Тимотеј 3:1—5.] Ова издание на Разбудете се! дискутира за тоа зошто човечките вредности се менуваат и што носи иднината.“