Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 авг.
„По некоја трагична загуба, многумина се прашуваат што се случува по смртта. Што мислите, дали е можно да ја разбереме смртта? [Почекај да одговори.] Ова списание објаснува што вели Библијата за состојбата на мртвите. Тоа исто така кажува за Божјето ветување дека ќе ги воскресне нашите блиски што умреле.“ Прочитај Јован 5:28,29.
Стражарска кула 1 сеп.
„Во денешниот свет, лојалноста е доблест која повеќе се фали отколку што се покажува на дело. Зарем не би било прекрасно ако повеќето луѓе се како пријателот што е опишан тука? [Прочитај Пословици 17:17. Потоа почекај да одговори.] Ова списание кажува кои се благословите ако сме им лојални на нашето семејство и пријателите.“
Разбудете се! 8 сеп.
„Невработеноста денес е најголем проблем, иако има голема конкуренција за работни места. Ова списание ни кажува пет важни фактори за да најдете работа. [Прочитај ги поднасловите со масни букви во статијата „Пет важни фактори за да најдете работа“.] Тоа исто така дава практични предлози како да се задржи работата.“ Прочитај Пословици 22:29, што е цитирано на 10 страница.