Млади — градете извонреден темел за иднината
1. Зошто треба младите христијани да развиваат цврста вера?
1 Што е на прво место во твојот ум? За што размислуваш? Дали твоите главни грижи се вртат околу сегашните работи или се протегаат во иднината и се сосредоточуваат на она што Бог го ветил? (Мат. 6:24, 31—33; Лука 8:14). За да се постапува според Божјите ветувања, потребна е цврста вера, како што може да се види и од примерите на Авраам и Мојсеј (Евр. 11:8—10, 24—26). Како можеш да развиеш таква вера и да си изградиш „извонреден темел за иднината“? (1. Тим. 6:19).
2. Што учиме од примерот на цар Јосиј?
2 Барај го Јехова: Ако имаш рутина на духовна активност со своето семејство, тоа е за пофалба. Но, немој да си претпоставиш дека таквата рутина автоматски ќе произведе цврста вера. За да го најдеш „знаењето за Бога“, мораш ти самиот да го бараш Јехова (Посл. 2:3—5; 1. Лет. 28:9). Младиот цар Јосиј го направил тоа. И покрај тоа што не израснал во баш најидеална духовна средина, тој ‚почнал да Го бара Бога на таткото Давид‘ кога имал 15 години (2. Лет. 34:3).
3. Како можат младите христијани денес да го бараат Јехова?
3 Како можеш да го бараш Јехова? Така што внимателно ќе го испиташ она во што веруваш и ќе се ‚увериш‘ дека тоа навистина е вистината (Рим. 12:2). На пример, можеш ли да објасниш што вели Библијата за крвта или да докажеш дека Божјето Царство почнало да владее на небото во 1914? Стекнувањето „точно спознание за вистината“ е еден важен начин за да се изгради извонреден темел за иднината (1. Тим. 2:3, 4).
4. Како можат некрстените објавители да го покажат својот напредок?
4 Потрагата на Јосиј по Бог донела добри резултати. Пред да наполни 20 години, тој постапил смело за да ја исчисти земјата од лажното обожавање (2. Лет. 34:3—7). На сличен начин, твојот духовен напредок ќе се види од твоите постапки (1. Тим. 4:15). Ако си некрстен објавител, настојувај да го подобриш квалитетот на твојата служба. Не биди задоволен само со тоа да понудиш литература. Постави си цел да ја користиш Библијата, да резонираш со луѓето и да го негуваш интересот на кој ќе наидеш (Рим. 12:7). Ова ќе ти помогне духовно да растеш.
5. Кои прилики да ја прошират својата служба им се на располагање на крстените христијани?
5 Дај му го на Јехова своето најдобро: Кога го симболизираш своето предание на Јехова со крштавање, стануваш ординиран министер на Бог (2. Кор. 3:5, 6). Ова ти дава прилики да му служиш на Јехова полновремено. Тие прилики вклучуваат да служиш како пионер, како и да служиш во Бетел, како мисионер или како меѓународен слуга. Други начини да ја прошириш својата служба се така што ќе научиш друг јазик или ќе се преселиш за да служиш таму каде што има поголема потреба.
6. Како може секој од нас да изгради извонреден темел за вистината?
6 Се разбира, не можат сите да се стават на располагање за овие предносни служби, но секој од нас може да му го даде нашето најдобро на Јехова (Мат. 22:37). Какви и да се твоите околности, направи ја службата на Јехова да биде во центарот на твојот живот (Псал. 16:5). На тој начин, ќе градиш извонреден темел за иднината.