Покажи ја својата благодарност
1 Иако живееме во ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘, имаме многу причини да му бидеме благодарни на Јехова (2. Тим. 3:1). Главна причина за тоа е скапоцениот дар на неговиот Син во наша корист (Јован 3:16). Освен тоа, иако оние од лажната религија духовно гладуваат, ние уживаме изобилство духовна храна (Иса. 65:13). Ние сме дел од едно светско братство и имаме предност да учествуваме во возбудливото ширење на вистинското обожавање (Иса. 2:3, 4; 60:4—10, 22). Како можеме да му ја покажеме на Јехова нашата благодарност за благословите што ги излева врз нас? (Кол. 3:15, 17).
2 Радосна служба со сето срце: Кога дискутирал за давањето во материјален поглед, апостол Павле напишал: „Бог љуби весел дарител“ (2. Кор. 9:7). Ова начело важи и за нашата служба за Бог. Благодарноста се гледа од нашата одушевеност за вистината, од нашата радост на христијанските состаноци, од нашата ревност во службата на теренот и од нашата радост во извршувањето на Божјата волја (Псал. 107:21, 22; 119:14; 122:1; Рим. 12:8, 11).
3 Во древниот Израел Законот не пропишувал конкретен износ за одредени приноси. Секој обожавател можел да ја покаже својата благодарност така што давал ‚според благословот од Бог‘ што го добил (Втор. 16:16, 17). На сличен начин денес, благодарното срце ќе нѐ поттикне во делото на проповедање на Царството и правење ученици да правиме толку колку што ни дозволуваат околностите. Летните месеци честопати даваат дополнителни прилики да ја покажеме нашата благодарност. Некои го искористуваат одморот од работа или од училиште и подолгите денови за да го зголемат времето што го поминуваат во службата на теренот, па дури и да служат како помошни пионери. Можеш ли ти да ја зголемиш својата служба ова лето?
4 Изобилувајќи со благодарење: Еден многу важен начин на кој ја изразуваме нашата благодарност кон Јехова е молитвата (1. Сол 5:17, 18). Божјата реч нѐ поттикнува да ‚изобилуваме со вера во благодарењето‘ (Кол. 2:7). Дури и кога сме многу зафатени или кога сме под стрес, секогаш треба да го вклучиме благодарењето во нашите секојдневни молитви (Фил. 4:6). Да, преку нашата служба како и преку нашите молитви, да ‚бидеме богати со многу изрази на благодарност кон Бог‘ (2. Кор. 9:12).