ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/04 стр. 4
  • „Раширете се“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Раширете се“
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Сличен материјал
  • Трајни пријателства во свет без љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Отвори го широко срцето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Ти можеш да се радуваш на трајни пријателства
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Мудро бирај ги своите пријатели
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Нашата служба за Царството 2004
km 5/04 стр. 4

„Раширете се“

1. Каква одговорност има секој од нас?

1 Во христијанското братство, секој од нас има одговорност да придонесува за срдечноста во собранието (1. Петр. 1:22; 2:17). Таква срдечност се раѓа кога ‚се рашируваме‘ во нашата нежна наклоност еден кон друг (2. Кор. 6:12, 13). Зошто е важно добро да ги запознаеме нашите браќа и сестри?

2. Зошто е важно да развиваме пријателство со соверниците?

2 Пријателствата стануваат поцврсти: Кога подобро ги запознаваме нашите соверници, почнуваме попотполно да ги цениме нивната вера, истрајност и другите убави особини. Нивните недостатоци ни изгледаат понезначајни, и врските на пријателството се зацврстуваат. Кога добро се познаваме, тогаш сме во подобра положба да се изградуваме и да се тешиме еден со друг (1. Сол. 5:11). Можеме да си станеме „зајакнувачка помош“ еден на друг за да се спротивставиме на штетното влијание на Сатановиот свет (Кол. 4:11). Со оглед на овие последни денови полни со притисоци, колку само сме благодарни што имаме добри пријатели меѓу Јеховиниот народ! (Посл. 18:24).

3. Како можеме да им бидеме зајакнувачка помош на другите?

3 Блиските пријатели можат да бидат посебен извор на сила и утеха кога се соочуваме со тешки испити (Посл. 17:17). Една христијанка која се борела со чувства на безвредност си спомнува: „Имаше пријатели кои ќе кажеа охрабрувачки работи за мене за да ми помогнат да ги надминам негативните мисли што ги имав“. Таквите пријатели се благослов од Јехова (Посл. 27:9).

4. Како можеме ги запознаеме другите од собранието подобро?

4 Покажи интерес за другите: Како можеме да се рашириме во нежната наклоност кон нашите соверници? Освен што ќе се поздравиш на христијанските состаноци, вложи напор да започнеш смисловен разговор со нив. Без да се мешаш во нивни приватни работи, покажи личен интерес (Фил. 2:4; 1. Петр. 4:15). Друг начин да покажеш интерес за другите е така што ќе ги поканиш на оброк (Лука 14:12—14). Или можеш да се договориш да одиш со нив во службата на теренот (Лука 10:1). Кога преземаме иницијатива да ги запознаеме нашите браќа подобро, го одржуваме единството во собранието (Кол. 3:14).

5. Кој е еден начин да го зголемиме бројот на нашите пријатели?

5 Дали имаме склоност да си избираме пријатели само од оние што се на наша возраст или од оние чии интереси се слични на нашите? Не треба да дозволиме таквите фактори да ги ограничат пријателствата што ги градиме во собранието. Давид и Јонатан, како и Рута и Ноемина, развиле цврсти врски на пријателство и покрај разликата во годините и потеклото (Рута 4:15; 1. Сам. 18:1). Можеш ли да го зголемиш бројот на своите пријатели? Тоа ќе ти донесе неочекувани благослови.

6. Кои се некои користи од тоа што ќе се рашириме во нежната наклоност кон нашите браќа?

6 Со тоа што се рашируваме во нежна наклоност кон другите, се зајакнуваме еден со друг и го зацврстуваме мирот во собранието. Освен тоа, самиот Јехова нѐ благословува за љубовта што им ја покажуваме на нашите браќа (Псал. 41:1, 2; Евр. 6:10). Зошто да не си поставиш за цел да се запознаеш подобро со колку што е можно повеќе браќа?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели