Јехова им помага на оние што имаат доверба во него
1 Многу луѓе ги сметаат парите, моќта и талентот како клуч за успех (Псал. 12:4; 33:16, 17; 49:6). Меѓутоа, оние што се плашат од Јехова и што ја полагаат својата доверба во него го имаат уверувањето од Библијата дека „тој е нивни штит и помошник“ (Псал. 115:11). Да разгледаме две подрачја на кои треба да покажеме доверба во Јехова.
2 Како христијански министри: Секогаш кога обработуваме некоја задача во собранието или кога поучуваме во службата на теренот, мораме да се потпираме на нашиот Бог. Разгледај го примерот на Исус. Иако бил Божји Син, не полагал доверба во својата сопствена мудрост или способност туку потполно се потпирал на својот небесен Татко (Јован 12:49; 14:10). Тогаш, колку повеќе треба ние да го правиме тоа! (Посл. 3:5—7). Само со благослов од Јехова, нашите скромни напори ќе му донесат слава нему и ќе им користат на другите (Псал. 127:1, 2).
3 Покажуваме дека се потпираме на Јехова со тоа што се молиме за негово водство и за помош од неговиот свет дух (Псал. 105:4; Лука 11:13). Освен тоа, ја покажуваме нашата доверба во Бог со тоа што нашето поучување го темелиме на неговата Реч, Библијата. Нејзината порака има моќ да допре до срцата и да ги преобрати животите (Евр. 4:12). Кога ‚служиме како оние кои се зависни од силата што ја дава Бог‘, го славиме Јехова (1. Петр. 4:11).
4 Кога се справуваме со проблеми: Помош од Јехова треба да бараме и кога се соочуваме со притисоци и проблеми (Псал. 46:1). На пример, можеби работодавецот ќе се двоуми дали да ни даде слободно време за да присуствуваме на некој собир, или можеби се соочуваме со некоја тешка ситуација во нашиот семеен живот. Ја покажуваме нашата доверба во Јехова со тоа што искрено му се молиме и го применуваме водството што тој го дава преку својата Реч и организација (Псал. 62:8; 119:143, 173). Кога прават така, Јеховините слуги ја искусуваат неговата помош во својот живот (Псал. 37:5; 118:13, 16).
5 Лично Јехова нѐ уверува: „Благословен да биде човек кој се надева на Господа, и кому Господ му е надеж“ (Ерем. 17:7). Да ја покажуваме нашата доверба во него во сѐ што правиме! (Псал. 146:5).