Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 јули
„Кога за еден ваков настан [како што е илустриран на насловната страница] би се известило на вестите денес, мнозина би биле скептични. Што мислите Вие? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Марко 4:39.] Какви докази има за тоа дека чудата што ги правел Исус биле автентични? Ова издание на Стражарска кула го испитува тоа прашање.“
Стражарска кула 1 авг.
„Бидејќи човештвото е толку поделено, некои сметаат дека единствениот начин да се постигне светски мир е со помош на една светска влада. Мислите ли дека такво нешто е возможно? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Даниел 2:44.] Ова списание разгледува што постигнува Божјето Царство сега и како наскоро ќе донесе светски мир.“
Разбудете се! 8 авг.
„Многу луѓе се соочуваат со тешки ситуации на работа. Некои се дури и малтретирани од колегите. Сте знаеле ли дека Библијата содржи совет што може да ни помогне да излеземе на крај со таквите предизвици? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Пословици 15:1.] Ова списание дава практични предлози како да го зачуваме нашиот мир со другите на работа“.