Рубрика прашања
◼ Како треба да се набавуваат личните примероци од Стражарска кула и Разбудете се!?
Со оглед на тоа што пред извесно време подготовката за претплата на печатените изданија на Стражарска кула, на Разбудете се! и изданијата снимени на аудиокасети на сите јазици беше прекината, сите објавители треба да ги набават своите списанија и аудиокасети преку локалното собрание. Ве молиме, имајте на знаење дека собранијата можат да нарачаат списанија со формуларот Собраниска нарачка (M-202).
Ако некој на вашето подрачје побара редовно да добива списанија, ве молиме, веднаш погрижете се за тоа за да не се пропушти ниту едно издание. Исклучените можат да набават списанија или друга литература за лична употреба на штандот за литература во Салата на Царството. Исклучените лица не треба да бидат вклучени во обиколка со списанија.
Единствените претплати што Бетел ќе ги задржи во архива се претплатите на оние лица до кои собраниски објавител не може да дојде преку обиколка со списанија. Ако Собранискиот службен одбор поднесе нарачка за претплата за некој што не може на друг начин да добива литература, секретарот треба да вклучи и кратка забелешка со која потврдува дека таа нарачка за претплата била разгледана и одобрена од Собранискиот службен одбор.
Ова значи дека објавителите не треба да пишат до канцеларијата на подружницата за да нарачаат лични претплати. Сите такви нарачки за претплата од објавители или заинтересирани лица ќе бидат вратени на собранието.
◼ Како може некој затвореник да добива лични примероци од списанијата?
Ако собранието што се грижи за проповедничкото дело во таа казнена институција може да им доставува списанија на затворениците, тогаш некој затвореник може да набави лични примероци од списанијата Стражарска кула и Разбудете се! од објавителите што го посетуваат затворот. Кога тоа не е возможно, затвореникот може лично да побара претплата така што ќе пише до канцеларијата на подружницата. Ве молиме, задржете на ум дека исклучените затвореници можат да добијат лични примероци од списанијата онака како што е изложено во овој пасус.