ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/04 стр. 8
  • Покажувај пионерски дух

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Покажувај пионерски дух
  • Нашата служба за Царството 2004
  • Сличен материјал
  • Филип — ревносен евангелизатор
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Се објавува „добрата вест за Исус“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Благословите од пионерската служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Природност
    Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
Повеќе
Нашата служба за Царството 2004
km 8/04 стр. 8

Покажувај пионерски дух

1. Како би го опишал пионерскиот дух?

1 Сите објавители на Царството можат да покажат пионерски дух, без разлика дали моментално служат како пионери или не. Тие навистина сакаат да ѝ бидат послушни на заповедта да проповедаат и да прават ученици (Мат. 28:19, 20; Дела 18:5). Ги сакаат луѓето и прават жртви за да ја исполнат својата служба (Мат. 9:36; Дела 20:24). Јеховините слуги се спремни да направат сѐ што треба за да им помогнат на другите да ја запознаат вистината (1. Кор. 9:19—23). Да го разгледаме примерот на еден човек што покажал таков дух, евангелизаторот Филип.

2. Како можат старешините и слугите помошници да ја имитираат ревноста за службата што ја имал Филип?

2 Проповедање и поучување: Филип имал сериозни одговорности во собранието од првиот век (Дела 6:1—6). Сепак, тој главно бил ревносен проповедник на добрата вест (Дела 8:40). Слично и денес, додека се грижат за должностите што им се доделени, старешините и слугите помошници можат да покажат пионерски дух така што со одушевеност ќе предводат во службата. Колку само ова може да го разгори духот на собранието! (Рим. 12:11).

3. Како можеме да покажеме пионерски дух кога ќе се соочиме со искушенија?

3 По смртта на Стефан, еден бран на прогонство внел голем немир во животите на учениците. Сепак, Филип продолжил да проповеда и одиграл важна улога во започнувањето на делото меѓу Самарјаните (Дела 8:1, 4—6, 12, 14—17). Можеме да се угледаме на неговиот пример така што ќе продолжиме да ја објавуваме добрата вест кога ќе се соочиме со искушенија и така што ќе му проповедаме непристрасно на секого што ќе го сретнеме (Јован 4:9).

4. Каков пример дал Филип како учител?

4 Колку вешто поучувал Филип за Божјата реч може да се види од извештајот за преобраќањето на етиопскиот евнух (Дела 8:26—38). Тоа што ќе ја развиваме способноста да ја користиме Библијата и да ‚резонираме на темел на Писмото‘ е уште еден начин на кој можеме да покажеме пионерски дух (Дела 17:2, 3). Исто како Филип, се трудиме да ја споделиме добрата вест секаде каде што можат да се најдат луѓе и во секоја погодна прилика.

5. Што ќе им помогне на христијанските родители да всадат пионерски дух во своите деца?

5 Семејство и собрание: Ставот и примерот на Филип без сомнение имале позитивно влијание врз неговите ќерки (Дела 21:9). На сличен начин, христијанските родители чиј живот се врти околу интересите на Царството ги охрабруваат своите деца да го прават истото. Тоа што еден родител спремно им проповеда на другите и покрај тоа што имал напорна седмица, може да остави траен впечаток врз срцето на детето (Посл. 22:6).

6. Како можеме да покажеме ценење за пионерите во нашето собрание?

6 Филип им укажал гостољубивост на Павле и на Лука, ревносни христијани кои напорно работеле во Јеховината служба (Дела 21:8, 10). Како можеме ние да покажеме ценење и како можеме да им дадеме поддршка на оние што се ревносни денес? Можеби ќе можеме да се понудиме да одиме во служба со пионерите цело претпладне или попладне во оние денови кога малкумина одат во служба (Фил. 2:4). Исто така, можеме да ги поканиме на гости на изградувачко дружење. Какви и да се нашите околности, сите да се трудиме да покажуваме пионерски дух.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели