ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/05 стр. 4-5
  • Фали го Јехова во големото собрание

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Фали го Јехова во големото собрание
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Сличен материјал
  • Чекај на Јехова
    Нашата служба за Царството 2006
  • Следи го Христос со достоинствено однесување
    Нашата служба за Царството 2007
  • Време за духовна гозба и радост
    Нашата служба за Царството 2008
  • Обласните конгреси — прилики кога со радост го славиме Јехова
    Нашата служба за Царството 2010
Повеќе
Нашата служба за Царството 2005
km 4/05 стр. 4-5

Фали го Јехова во големото собрание

1, 2. Каква прилика ни дава обласниот конгрес и како можеме да го постигнеме тоа?

1 Нашите обласни конгреси секоја година ни даваат прекрасна прилика да го фалиме Јехова. Се чувствуваме исто како Давид, кој во песна рекол: „Ќе те фалам во големото собрание, меѓу многуброен народ тебе ќе те фалам“ (Пс. 35:18, NW). На кои начини можеме обединето да му донесеме фалби на Јехова на претстојниот Обласен конгрес „Послушни на Бог“?

2 Еден начин е со нашето однесување. Членовите од управата на еден конгресен објект рекле: „Кога други религиозни групи бараат да го изнајмат објектот, им велиме да дојдат и да видат пример како Јеховините сведоци организираат конгрес, зашто тие го прават тоа совршено“. Со нашиот изглед, соработка и однесување, секој од нас придонесува за такви воодушевени изрази на фалба, кои со право му припаѓаат на нашиот Бог (1. Петр. 2:12).

3, 4. Како ќе ни помогне скромноста да се облекуваме на начин кој прилега на христијански слуги, и за време на конгресот и по програмата?

3 Личен изглед: Потребна е скромност за да му донесеме слава на Јехова со нашето облекување и дотерување (1. Тим. 2:9). Книгата Школа за служба, на 132 страница вели: „Скромното лице се грижи да не ги навреди непотребно другите и да не привлече несоодветно внимание кон себеси“. Во многу земји, нескромното облекување станало најнормално. Меѓутоа, Јехова го цени трудот што го вложуваме за да го претставуваме на исправен начин (Дела 15:14). Дури и ако конгресот се одржи во спортска сала или рекреативен објект, собирот станува наше „големо собрание“ во текот на тие три дена. Значи, кога се собираме пред Јехова, со нашето облекување треба да покажеме почит кон најважната Личност во универзумот (1. Лет. 29:11).

4 Треба да обрнеме внимание на нашиот изглед и после завршувањето на програмата секој ден. Иако можеби сакаме да облечеме поудобна облека во слободното време или кога ќе јадеме во ресторан, важно е нашата облека и дотерување да им прилега на луѓе „кои тврдат дека длабоко го почитуваат Бог“ (1. Тим. 2:10). Која облека е прифатлива не се одредува според тоа што е популарно во светот (1. Јов. 2:16, 17). Во нашите христијански публикации наоѓаме слики со примери на скромна, добро средена облека на мажи и жени во различни ситуации. Тоа што ќе ги носиме конгресните значки во конгресниот град ќе нѐ потсетува дека сме христијански слуги цело време (2. Кор. 6:3, 4).

5, 6. Како можеме да покажеме почитување за духовната трпеза на Јехова?

5 Почитувај ја трпезата на Јехова: Севишниот Господар на универзумот пред нас поставил една гозба (Иса. 25:6; 1. Кор. 10:21). Ако многу го цениме тоа што и ние имаме место на Јеховината духовна трпеза, тогаш наша цел ќе биде да присуствуваме сите три дена на конгресот. Дали веќе си се договорил околу сместувањето, превозот и слободните денови што ќе ти требаат од световната работа? Дали си одвоил доволно време за подготовка и патување за да можеш да пристигнеш на конгресната локација доволно рано за да најдеш места, да се дружиш со браќата и да им се придружиш во фалењето на Јехова со уводната песна и молитва? (Пс. 147:1).

6 Ако имаме почит кон трпезата на Јехова тогаш внимателно ќе ја слушаме програмата и нема непотребно да зборуваме со другите, да јадеме или да се шетаме низ ходниците. Преку класата на верниот и разборит роб, Јехова ни дава духовна храна што ни е потребна токму сега (Мат. 24:45). Никој од нас не треба да си дозволи да пропушти нешто од неа. Родителите треба да седат со своите деца и да им помогнат да извлечат целосна корист (Втор. 31:12).

7. Што треба да правиме за време на пладневниот оброк, и зошто?

7 Наместо да ја напуштаме конгресната локација и да купуваме храна за пладневната пауза, замолени сме со себе да си понесеме храна. За пофалба е што повеќето делегати внимателно го следеа ова упатство на последниот конгрес. Би било многу убаво оваа година сите да го направат тоа! (Евр. 13:17). Оваа подготовка ни дава убава прилика да уживаме во изградувачко дружење со нашите браќа и придонесува да се создаде атмосфера на единство и мир што му оддава чест на Јехова (Пс. 133:1).

8, 9. Која друга прилика да го фалиме Јехова ни ја дава конгресот?

8 Неформално сведочење: Додека патуваме до и од местото на конгресот, имаме многу прилики да го фалиме Јехова со нашите усни (Евр. 13:15). Било да јадеме во ресторан или да разговараме со хотелскиот персонал, секогаш да бараме разни начини да сведочиме. Нашите умови и срца ќе бидат полни со духовни богатства од конгресот. Да ги споделуваме тие убави работи со оние што ги сретнуваме неформално (1. Петр. 3:15).

9 Со нетрпение ја чекаме оваа прилика да го благословуваме Јехова меѓу „насобраните мноштва“ (Пс. 26:12, NW). Обединето да го фалиме Јехова на Обласниот конгрес „Послушни на Бог“.

[Рамка на страница 5]

Потсетници за обласниот конгрес

◼ Програмски термини: Секој ден програмата ќе започне во 9.30 часот. Вратите ќе бидат отворени од 8.00 часот. Неколку минути пред да почне сесијата, додека трае уводната музика за Царството, претседавачот ќе седне на подиумот. За тоа време, сите треба да си ги заземеме местата за да може програмата да почне на достоинствен начин. Во петок и сабота програмата ќе заврши во 17.05 часот, а во недела ќе заврши во 16.10 часот.

◼ Чување седиште: Може да се чуваат седишта само за оние што патуваат со тебе во ист автомобил или за оние што живеат со тебе во ист дом.

◼ Прилози: За да се организира конгрес потребни се многу средства. Нашето ценење можеме да го покажеме ако дадеме доброволни прилози за светското дело, во Салата на Царството или на конгресот.

◼ Пладневен оброк: Ве молиме, подобро донесете си ручек отколку да ја напуштате конгресната локација за да купите јадење во текот на пладневната пауза. Може да се користи мал сад за разладување што може да се стави под седиштето. Во конгресниот објект не се дозволени големи пикник ладилници, стаклени садови и алкохолни пијалаци.

◼ Опрема за снимање: Никаква опрема за снимање не треба да се приклучи на електричната или разгласната мрежа во објектите. Таква опрема може да се користи само на начин на кој нема да им пречи на другите.

◼ Фотографирање: Ако фотографираш, не треба да користиш блиц за време на програмата.

◼ Пејџери и мобилни телефони: Овие треба да ги наместите така што нема да ги вознемируваат другите.

◼ Несреќи и итни случаи: Ако има потреба од итна медицинска помош на конгресот, те молиме извести некој редар, кој веднаш ќе го извести Одделот за прва помош. На конгресната локација има медицински оспособена екипа која ќе процени колку е сериозен проблемот и ќе може да даде помош.

◼ Хотели и студентски домови: 1) Немој да резервираш повеќе соби отколку што ти требаат и немој да примаш во собата повеќе луѓе отколку што е дозволено. 2) Ако мораш да ја откажеш твојата резервација, веднаш извести го хотелот. 3) Немој да готвиш јадења во собите што не се наменети за тоа. 4) Имај обѕир во поглед на бесплатниот појадок, кафето или мразот што се обезбедени за гостите додека се во хотелот. 5) Покажувај ги плодовите на духот кога соработуваш со хотелскиот персонал, особено кога се многу зафатени со пријавување и одјавување гости на рецепција.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели