ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/06 стр. 4-5
  • Чекај на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чекај на Јехова
  • Нашата служба за Царството 2006
  • Сличен материјал
  • Време за духовна гозба и радост
    Нашата служба за Царството 2008
  • Следи го Христос со достоинствено однесување
    Нашата служба за Царството 2007
  • Фали го Јехова во големото собрание
    Нашата служба за Царството 2005
  • Обласните конгреси — прилики кога со радост го славиме Јехова
    Нашата служба за Царството 2010
Повеќе
Нашата служба за Царството 2006
km 4/06 стр. 4-5

Чекај на Јехова

1. Која е темата на конгресот, и зошто е навремена?

1 „Господ е праведен Бог“, напишал Исаија. „Блазе им на сите кои Го чекаат Него“ (Иса. 30:18б). Во Библијата има многу извештаи за тоа како Бог извршил суд над своите непријатели и како ги избавил своите верни слуги. Што можат да научат од ова денешните обожаватели на Јехова? Што можеме да направиме сега за да се подготвиме за „Господовиот Ден, голем и страшен“? (Јоил 3:4, 5). Нашиот претстоен Обласен конгрес на тема „Избавувањето е многу близу!“ ќе нѐ поттикне длабоко да размислиме за овие прашања и да се преиспитаме. Ќе ни помогне да чекаме на Јехова.

2. Како можеме да покажеме дека го цениме нашиот обласен конгрес?

2 Дали си подготвен да присуствуваш и да извлечеш поука од сите три дена на конгресот? На пример, дали си разговарал со работодавачот да ти даде слободни денови за да присуствуваш? Не оставај го ова на случајноста. Моли се за тоа, и потоа изнеси го своето барање (Неем. 2:4, 5). Не треба да ги одложуваме за последен момент ни подготовките за превозот, сместувањето и другите неопходни работи. Ако добро планираме, покажуваме дека многу ја цениме Јеховината духовна трпеза. Старешините треба да бидат спремни да им излезат во пресрет на оние на кои им треба помош да се подготват за конгресот, особено на постарите лица во собранието (Гал. 6:10).

3. Кои особини треба да ги покажува Јеховиниот народ во градот каде што се одржува конгресот?

3 Со доброто однесување му оддаваме чест на Бог: Кога на конгресите се собираме во голем број, нашето добро однесување служи како сведоштво за другите луѓе. Како треба да се однесуваме? Треба да покажуваме христијански особини како што се долготрпеливост, благост, самосовладување и разумност. На тој начин ќе бидеме вистинско освежување за оние со кои ќе контактираме во хотелите, рестораните и на други места во околината каде што се одржува конгресот (Гал. 5:22, 23; Фил. 4:5). Сите ние треба да покажеме љубов која „не се однесува непристојно, не ги бара сопствените интереси, не се раздразнува“. Дури и ако се појават некои проблеми или непријатности, треба ‚да правиме сѐ за Божја слава‘ (1. Кор. 10:31; 13:5).

4. Како можат родителите да им помогнат на своите деца да се однесуваат на начин што ќе му донесе фалба на Јехова?

4 По еден конгрес, управникот на еден хотел бил толку воодушевен од однесувањето и изгледот на нашите млади, што изразил желба „Јеховините сведоци секогаш да бидат гости во неговиот хотел“. Ова е навистина голема причина за радост! Тоа покажува дека вие, родители, добро ги поучувате и ги надгледувате своите деца. Не би било мудро родителите да дозволат децата да остануваат сами во хотелските соби без некој да ги надгледува. Секогаш треба да има некој со нив (Посл. 29:15). Нивното добро однесување нека му донесе фалба на Јехова и нека го израдува неговото срце! (Посл. 27:11).

5. Како можеме да му оддадеме чест на Јехова со нашиот изглед и облекување?

5 Скромен изглед и облекување: Секој од нас може да придонесе за општиот впечаток што ќе го оставиме на конгресот со тоа што нема да се облекува по најнова мода, екстремно, нескромно или премногу лежерно. Ова важи и додека патуваме до и од конгресниот град, додека помагаме во средувањето на конгресното место и во текот на програмата. Како слуги на Бог, нам ни е најважно Јеховиното име и углед, а не нашите лични желби или удобност. Одговорност на семејните поглавари е да се погрижат надворешниот изглед на сите во семејството да одразува скромност и здрави мисли во кое и да било време (1. Тим. 2:9).

6. Зошто треба и во слободното време да изгледаме достоинствено како и за време на програмата на конгресот?

6 Треба да изгледаме достоинствено и во слободното време, кога сме во хотелите, продавниците и рестораните. Добро е да ја носиме нашата конгресна облека ако излегуваме на вечера по програмата. Доколку ги носиме конгресните значки, ќе имаме можност да сведочиме неформално (2. Кор. 6:3, 4).

7. Како можеме да придонесеме за уредноста и радоста на конгресот? (Види „Потсетувања за обласниот конгрес“.)

7 Исаија прорекол: „Но Господ чека час за да ви се смилува, и по таа причина да ви искаже милост“ (Иса. 30:18а). Благодарноста за Јеховината милост и незаслужена љубезност треба да нѐ поттикне да му оддаваме чест со нашето однесување и изглед кога присуствуваме на нашите конгреси. Обласниот конгрес „Избавувањето е многу близу!“ нека го велича нашиот Бог и нека ни помогне да чекаме на него!

[Рамка на страница 5]

Потсетувања за обласниот конгрес

◼ Програмски термини: Секој ден програмата ќе започне во 9.30 часот. Вратите ќе бидат отворени во 8.00 часот. Неколку минути пред да почне програмата, ќе биде пуштена теократска музика, а претседавачот ќе седне на подиумот. Тогаш треба сите да си ги заземеме местата за да може програмата да започне на достоинствен начин. Во петок програмата ќе заврши во 17.15 часот, во сабота во 17.05 часот, а во недела во 16.10 часот.

◼ Чување седишта: Може да се чуваат седишта само за оние што патуваат во ист автомобил со тебе или за оние со кои живееш во ист дом.

◼ Пладневен оброк: Ве молиме, подобро донесете си ручек наместо да ја напуштате конгресната локација за да купувате јадење во текот на пладневната пауза. Јадењето можете да го понесете во мало фрижидерче што ќе го ставите под седиштето. Во конгресниот објект не се дозволени поголеми фрижидерчиња за излет, стаклени садови и алкохолни пијалаци.

◼ Прилози: За да се организира конгресот, потребни се многу средства. Нашето ценење можеме да го покажеме ако дадеме доброволни прилози за светското дело, во Салата на Царството или на конгресот.

◼ Несреќи и итни случаи: Ако има потреба од итна медицинска помош на конгресот, те молиме извести некој редар, кој веднаш ќе го извести Одделот за прва помош. На конгресната локација има медицински оспособена екипа која ќе процени колку е сериозен проблемот и ќе може да даде помош.

◼ Опрема за снимање: Никаква опрема за снимање не треба да се приклучува на електричната или на разгласната мрежа во објектите. Таква опрема може да се користи само на начин на кој нема да им пречи на другите.

◼ Фотографирање: Ако фотографираш, не треба да користиш блиц за време на програмата.

◼ Пејџери и мобилни телефони: Треба да ги наместите така, што нема да ги вознемируваат другите.

◼ Парфеми: Повеќето конгреси се одржуваат во затворени простории. Затоа, би било љубезно од нас да не користиме јаки парфеми, колонски води и дезодоранси на кои се алергични оние што имаат тешкотии со дишењето или други слични проблеми (1. Кор. 10:24).

◼ Формулари за да се посетат заинтересираните: На формуларот Те молиме, продолжи понатаму (Ѕ-43) треба да се внесат основните податоци за секое лице што покажало интерес кога сме му сведочеле неформално за време на конгресот. Објавителите треба да си носат еден или два вакви формулара на конгресот. Тие формулари можат да се добијат и на конгресот во Одделот за литература. Пополнетите формулари можете да ги предадете во тој оддел или да му ги дадете на секретарот во вашето собрание кога ќе се вратите од конгресот. (Види ја Нашата служба за Царството од февруари 2005, 6. стр.)

◼ Хотели и студентски домови: 1) Те молиме, не резервирај повеќе соби отколку што ти требаат и немој да примаш во собата повеќе луѓе отколку што е дозволено. 2) Ако мораш да ја откажеш резервацијата, веднаш јави се во хотелот. 3) Немој да готвиш во собите што не се наменети за тоа. 4) Како христијани, сигурно нема прекумерно да ги користиме бесплатниот појадок, кафето или мразот што се обезбедени за гостите во хотелот. 5) Покажувај ги плодовите на духот додека соработуваш со хотелскиот персонал, особено кога се многу зафатени со пријавувањето и одјавувањето гости на рецепција.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели