Дел 9: Водење напредни библиски студии
Подготви ги учениците да сведочат неформално
1 Кога Андреј и Филип сфатиле дека Исус е ветениот Месија, не можеле да се воздржат и да не им ја кажат на другите возбудливата вест (Јован 1:40-45). Слично на тоа денес, додека оние со кои ја проучуваме Библијата почнуваат да практикуваат вера во тоа што го учат, истовремено се поттикнати и да зборуваат за тоа (2. Кор. 4:13). Како можеме да ги охрабриме да сведочат неформално и да ги подготвиме тоа да го прават делотворно?
2 Можеш едноставно да го прашаш ученикот дали им зборувал на другите за тоа што го научил од Библијата. Можеби има пријатели или роднини кои може да ги покани да присуствуваат на студијата. Прашај го дали некој негов колега, школски другар или други познаници покажале интерес за добрата вест. На овој начин тој може да почне да дава сведоштво. Помогни му да разбере дека треба да вежба проникливост, да биде љубезен, и да покаже почит кон другите кога зборува за Јехова Бог и неговите намери (Кол. 4:6; 2. Тим. 2:24, 25).
3 Да зборуваат за своите верувања: Многу е важно, на оние со кои ја проучуваме Библијата, да им покажеме како да ја користат Божјата реч кога зборуваат за своите верувања. На одредени места додека проучувате, прашај го: „Како би ја користел Библијата за да ја објасниш оваа вистина на твоето семејство?“ или „Кој стих од Библијата би го користел за да му го докажеш ова на некој твој пријател?“ Внимавај како ќе одговори и покажи му како неговото поучување да го темели на Библијата (2. Тим. 2:15). На овој начин, ќе го подготвуваш да сведочи неформално, а исто така и кога ќе биде квалификуван, да учествува во организираното проповедање заедно со собранието.
4 Мудро е да ги подготвиме тие со кои проучуваме, да се соочат со противење (Мат. 10:36; Лука 8:13; 2. Тим. 3:12). Кога другите ќе поставуваат прашања и ќе коментираат нешто за Јеховините сведоци, тоа може да им ја отвори вратата да дадат сведоштво. Брошурата Јеховини сведоци — кои се тие? Што веруваат? може да ги опреми да бидат ‚спремни да дадат одбрана‘ (1. Петр. 3:15). Таа содржи точни информации, што новите можат да ги користат за да им помогнат на добронамерните пријатели и роднини да ги разберат нашите верувања и активности, кои се темелат на Библијата.