ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/05 стр. 3-6
  • Водење напредни библиски студии

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Водење напредни библиски студии
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Препорачани публикации
  • Како да се подготвиме
  • Приспособи ја лекцијата на потребите на ученикот
  • Поучувај од Божјата реч
  • Подвлекување и забелешки
  • Краток преглед и повторување
  • Гради цврста вера
  • Држи се за темата
  • Биди прониклив
  • Биди скромен
  • Како да се воведе молитвата
  • Што да се вклучи во молитвата
  • Собраниски состаноци
  • Користи видео касети за да му го зголемиш ценењето
  • Охрабри ги да сведочат
  • Поучи ги да зборуваат за своите верувања
  • Подгответе се заедно
  • Проповедајте заедно
  • Подготви го за повторна посета
  • Биди марлив во повторните посети
  • Нудење библиска студија
  • Поучувај ги учениците да бидат учители
  • Како да им помогнеме на оние со кои проучуваме да се крстат (прв дел)
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Помогни им на оние со кои проучуваш да се крстат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Како да им помогнеме на оние со кои проучуваме да се крстат (втор дел)
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Добро подготвувај се да поучуваш
    Нашата служба за Царството 2009
Повеќе
Нашата служба за Царството 2005
km 9/05 стр. 3-6

Зачувај

Водење напредни библиски студии

Овој додаток е збирка од важните мисли од серијата статии за водење напредни библиски студии, што излегоа во Наша служба за Царството. Сите се поттикнати да го зачуваат овој додаток и да го разгледаат кога водат библиски студии. Освен тоа, некои мисли од овој додаток можат да се употребат на состаноците за служба на теренот, а надгледниците за служба можат да го користат како темел за говорите што ги одржуваат кога ги посетуваат групите за студија на книга.

Дел 1: Што е библиска студија?

Ако редовно и систематски водиш библиски дискусии, иако се кратки, користејќи ја Библијата заедно со некоја од препорачаните публикации, ти водиш библиска студија. Студијата може да се извести по вториот пат откако бил прикажан начинот на проучување и доколку има причина да веруваме дека студијата ќе продолжи (km 7/04 стр. 1).

Препорачани публикации

◼ Што бара Бог од нас?

◼ Спознание кое води до вечен живот

◼ Обожавај го единствениот вистински Бог

◼ Ти можеш да бидеш Божји пријател! може да се користи за проучување со луѓе кои имаат ограничено образование или кои слабо читаат.

Дел 2: Подготви се да ја водиш студијата

Информациите треба да ги изнесеме така што ќе го достигнеме срцето на оној што го поучуваме. Ова бара темелно да се подготвиме имајќи го на ум лицето со кое ќе проучуваме (km 8/04 стр. 1).

Како да се подготвиме

◼ Разгледај го накратко насловот на поглавјето или лекцијата, поднасловите и визуелните помагала.

◼ Види каде се наоѓаат одговорите на отпечатените прашања и потцртај си ги само клучните зборови и фрази.

◼ Избери кои стихови ќе ги читате во текот на студијата. Направи кратки белешки на маргините од публикацијата за проучување.

◼ Подготви едно кратко повторување на главните мисли.

Приспособи ја лекцијата на потребите на ученикот

◼ Моли се за ученикот и за неговите потреби.

◼ Предвиди кои работи ќе му бидат тешки да ги разбере или да ги прифати.

◼ Размисли: Што треба да разбере или на што треба да работи за да напредува во духовен поглед? Како можам да му го достигнам срцето?

◼ Ако има потреба, подготви илустрација, објаснување или неколку прашања за да му помогнеш на ученикот да разбере некоја мисла или библиски стих.

Дел 3: Делотворно користење на Библијата

Кога водиме библиски студии, нашата цел е да ‚правиме ученици‘ така што ќе им помогнеме на луѓето да ги разберат и да ги прифатат учењата од Божјата реч и да ги применат во својот живот (Мат. 28:19, 20; 1. Сол. 2:13). Поради тоа, студијата треба да се сосредоточи на Библијата (km 11/04 стр. 4).

Поучувај од Божјата реч

◼ Покажи му на ученикот како да ги најде стиховите во неговата сопствена Библија.

◼ Прочитајте ги и разговарајте за оние стихови од Библијата што даваат поткрепа за нашите верувања.

◼ Користи прашања. Наместо да му ги објасниш библиските стихови на ученикот, тој нека ти ги објасни тебе.

◼ Нека биде едноставно. Немој да се обидуваш да го објасниш секој аспект од стихот. Вклучи го само она што е неопходно за да биде јасна поентата.

◼ Објасни ја практичната примена. Помогни му на ученикот да види како библиските стихови се однесуваат на него лично.

Дел 4: Научи ги учениците да се подготвуваат

Ученикот кој претходно го чита градивото, ги подвлекува одговорите и размислува како да одговори со свои зборови, обично брзо напредува во духовен поглед. Затоа, штом е воспоставена редовна студија, подгответе една лекција заедно за да му покажеш на ученикот како се прави тоа. Со повеќето ученици ќе биде корисно заедно да подготвите по едно цело поглавје или лекција (km 12/04 стр. 1).

Подвлекување и забелешки

◼ Објасни му како да ги најде директните одговори на отпечатените прашања.

◼ Покажи му на ученикот како ти си ги подвлекол клучните зборови или фрази во твојот примерок од публикацијата што се проучува.

◼ Помогни му на ученикот да согледа дека секој наведен стих поддржува некоја мисла во пасусот и покажи му како да си прави кратки белешки на маргините од својата публикација за проучување.

Краток преглед и повторување

◼ Покажи му на ученикот како да го разгледа насловот на поглавјето или на лекцијата, поднасловите и сликите, пред да почне темелно да се подготвува.

◼ Поттикни го ученикот да ги повтори главните мисли пред да заврши со подготовката.

Дел 5: Одреди колку материјал да се обработи

Од способноста и од околностите на учителот и на ученикот ќе зависи колку материјал може да се разгледа (km 1/05 стр. 1).

Гради цврста вера

◼ Многу поважно е да му помогнеме на ученикот јасно да го разбере материјалот отколку да поминеме многу материјал за кратко време.

◼ Помини онолку време колку што е потребно за да му помогнеш на ученикот да го разбере и да го прифати она што го учи.

◼ Остави си доволно време за да ги разгледате клучните стихови врз кои се темелат учењата.

Држи се за темата

◼ Ако ученикот е склон многу да зборува за личните работи, можеби ќе мораш да се договориш да разговарате за нив после студијата.

◼ Не зборувај премногу за време на студијата. Ограничи ја дискусијата за дополнителни мисли или искуства, за да не му пречат на ученикот да стекне точно спознание за основните библиски науки.

Дел 6: Кога ученикот ќе постави некое прашање

Штом ќе биде воспоставена библиската студија, најдобро е да не се скока од една тема на друга, туку библиските поуки да се разгледуваат на еден уреден начин. Ова ќе му помогне на ученикот да постави темел од точно спознание и духовно да напредува (km 2/05 стр. 6).

Биди прониклив

◼ Прашањата што се поврзани со материјалот што се проучува обично може веднаш да му ги одговориш.

◼ Прашањата што не се поврзани со материјалот или за кои е потребно истражување, може да ги разгледате друг пат. Ќе биде корисно ако ги запишете тие прашања.

◼ Ако на ученикот му е тешко да прифати некоја поука, разгледај дополнителен материјал кој детално ја објаснува таа тема.

◼ Ако ученикот сѐ уште не е уверен, оставете ја дискусијата за друг пат и продолжете со проучувањето.

Биди скромен

◼ Ако не го знаеш одговорот на некое прашање, немој да даваш сопствено мислење.

◼ Постепено поучувај го ученикот како да истражува.

Дел 7: Молитва на студијата

За да може ученикот духовно да напредува, неопходен е Јеховиниот благослов. Затоа, прикладно е библиската студија да се започне и да се заврши со молитва (km 3/05 стр. 4).

Како да се воведе молитвата

◼ Кај религиозните луѓе честопати можеме да се молиме уште на првата студија.

◼ Кај други, треба да процениме кога е вистинското време да ја воведеме молитвата.

◼ За да објасниш зошто е потребна молитвата може да ги употребиш Псалм 25:4, 5 и 1. Јованово 5:14.

◼ За да објасниш зошто треба да му се молиме на Јехова преку Исус Христос, може да се употреби Јован 15:16.

Што да се вклучи во молитвата

◼ Прикладно е да го фалиме Јехова како Извор на поуката.

◼ Покажи искрен интерес за ученикот.

◼ Покажи ценење за организацијата којашто Јехова ја користи.

◼ Моли го Јехова да го благослови трудот што го вложува ученикот за да го примени наученото.

Дел 8: Упати ги учениците кон организацијата

Кога водиме библиски студии, нашата цел не е само да пренесеме информации од Библијата, туку и да му помогнеме на ученикот да стане дел од христијанското собрание. Секоја седмица во текот на студијата, одвој неколку минути за да му кажеш по нешто за Јеховината организација (km 4/05 стр. 8).

Собраниски состаноци

◼ Опиши го секој собраниски состанок. Покани го да дојде на состанок уште на првата библиска студија.

◼ Кажи му некои интересни мисли што биле изнесени на состаноците.

◼ Поттикни го интересот за Меморијалот, собирите и посетата на покраинскиот надгледник.

◼ Користи ги сликите од публикациите за да му помогнеш да добие претстава што се случува таму.

◼ Поттикни го да ја прочита брошурата Јеховини сведоци — кои се тие? Што веруваат?

Користи видео касети за да му го зголемиш ценењето

◼ Јеховини сведоци — организација зад името

◼ Целата наша заедница од браќа

◼ Обединети преку божествена поука

◼ До сите краеви на земјата

Дел 9: Подготви ги учениците да сведочат неформално

Додека оние со кои ја проучуваме Библијата почнуваат да практикуваат вера во тоа што го учат, истовремено се поттикнати и да зборуваат за тоа (km 5/05 стр. 1).

Охрабри ги да сведочат

◼ Дали имаат пријатели или роднини кои можат да ги поканат да присуствуваат на студијата?

◼ Дали некој од нивните колеги, школски другари или други познаници покажале интерес?

Поучи ги да зборуваат за своите верувања

◼ На одредени места додека проучувате, прашај го ученикот: „Како би ја користел Библијата за да ја објасниш оваа вистина на твоето семејство?“.

◼ Помогни му да разбере дека треба да биде љубезен, и да покаже почит кон другите кога зборува за Бог и неговите намери.

◼ Учениците можат да ја употребат брошурата Јеховини сведоци — кои се тие? Што веруваат?, за да им помогнат на пријателите и роднините да ги разберат нашите верувања и активности, кои се темелат на Библијата.

Дел 10: Поучи ги учениците за службата од куќа до куќа

Кога старешините ќе утврдат дека оној со кого проучуваме ги исполнува условите за некрстен објавител, тој може да почне да учествува заедно со собранието во јавното проповедничко дело (km 6/05 стр. 1).

Подгответе се заедно

◼ Покажи му на ученикот каде може да ги најде предложените презентации.

◼ Помогни му да избере една едноставна презентација што е практична за вашето подрачје.

◼ Охрабри го да ја користи Библијата додека е во служба.

◼ Вежбајте заедно. Покажи му како тактично да се справи со прашањата кои се вообичаени на подрачјето.

Проповедајте заедно

◼ Ученикот нека те набљудува додека ја изнесуваш презентацијата што сте ја вежбале заедно.

◼ Земи ги во обѕир личноста и способностите на ученикот. Во некои случаи, можеби е подобро тој да кажува само дел од презентацијата.

◼ Помогни му на новиот објавител да си воспостави еден редовен распоред за учество во службата.

Дел 11: Помагај им на учениците да прават повторни посети

Подготовката за повторна посета започнува уште на првата посета. Поттикни го ученикот да покаже искрен интерес кон оние со кои разговара. Постепено поучувај го како да ги поттикне луѓето да си го кажат своето мислење, да ги слуша нивните коментари и да обрнува внимание за што се заинтересирани (km 7/05 стр. 1).

Подготви го за повторна посета

◼ Разгледај ги белешките од првиот разговор и помогни му на ученикот да избере една тема што ќе го интересира станарот.

◼ Подгответе кратка презентација во која ќе има еден стих од Библијата и еден пасус од некоја публикација.

◼ Подгответе едно прашање кое може да се постави на крајот од разговорот.

Биди марлив во повторните посети

◼ Поттикни го ученикот брзо да ги посети оние што покажале интерес.

◼ Помогни му на ученикот да сфати дека е потребно да биде упорен за да ги најде луѓето кои ретко се дома.

◼ Покажи му на новиот објавител како да се договори за следната посета и помогни му да сфати дека треба повторно да наврати како што ветил.

Дел 12: Помагај им на учениците да започнат и да водат библиски студии

Многу е важно да постапуваш како Исус, со тоа што ќе даваш добар пример во твојата служба. Додека го гледа твојот пример во службата, ученикот ќе сфати дека целта на повторните посети е да се започнат библиски студии (km 8/05 стр. 1).

Нудење библиска студија

◼ Објасни му на ученикот дека обично не е потребно во детали да опишеме како ќе изгледа тоа.

◼ Честопати најдобро е едноставно да му го покажеме тоа, така што ќе употребиме еден или два пасуси од публикацијата за проучување.

◼ Разгледајте и вежбајте еден од предлозите за започнување библиски студии (km 8/05 стр. 8; km 1/02 стр. 6).

Поучувај ги учениците да бидат учители

◼ Охрабри ги да се запишат во Теократската школа за служба.

◼ Договори се со новите објавители да одите заедно на други библиски студии во кои ќе можат да имаат мал удел во поучувањето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели